-Постои доста едноставен метод кој може да ви помогне во тоа.
Јазикот е едно од главните лежишта на бактерии во човековото тело. Ако не сте сигурни дали имате непријатен здив, доволно е да ја лижнете надланката, да оставите да се исуши а потоа да ја помирисате – мирисот се’ ќе ви открие.
Прво што мора да знаете е дека мазниот, розеникав јазик е јазик на здраво лице. Колку повеќе слоеви има на него и бактерии, толку повеќе постојат основи за болести.
Доколку на јазикот имате тенок бел слој и црвени точки – ви недостига енергија во телото, поради што често сте уморни и претерано се потите.
Тенкиот жолт слој на средината од јазикот, додека остатокот е црвен, укажува на можни проблеми со опстипација, дехидратација и кожни заболувања.
Масен бел слој и отоци на краевите од јазикот укажуваат на нерамнотежна работа на дигестивниот систем.
Виолетов слој со црни точки укажува на отежнат доток на крвта, проблем со вените, главоболка и болки во градите.
Пукнатини по црвената површина на јазикот упатува на габични инфекции кои се одвиваат во телото.
Белата површина на јазикот без наслага може да укажува на анемија, а кај жените на хормонски дисбаланс.