Професионален рецепт за традиционална пита „Пропеќ“
Оваа пита, позната како „Пропеќ“, е уникатен специјалитет од мојот крај, пренесуван од генерација на генерација.
Таа е едноставна за подготовка, а истовремено восхитува со својот богат вкус и крцкава текстура.
Совршена за семејни собири, оваа пита се подготвува брзо и лесно, а нејзиниот автентичен шмек ќе ги освои сите.
Се пече во тркалезна тепсија и се сече на триаголници, што ја прави препознатлива и атрактивна, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
За тестото:
– 400-450 г брашно
– 150 мл топла вода
– 150 мл топло млеко
– 7 г сув квасец
– 7 г сол
– 10 г шеќер
– 150 г путер или маргарин (за премачкување на корите)
За филот:
– 300 г ситно старо сирење (кравјо, козјо или овчо)
– 4 јајца
– 150 мл млеко
– 2-3 лажици масло
– НМД

Постапка
1. Во сад ставете 150 мл топла вода и 150 мл топло млеко. Додајте 7 г сув квасец, 7 г сол и 10 г шеќер. Промешајте додека состојките се соединат.
2. Постепено додавајте 400-450 г брашно и замесете средно меко тесто. За полесно месење, продолжете на работна површина.
3. Покријте го тестото и оставете го да одмори 10 минути.
4. По одморот, поделете го тестото на 8 еднакви делови и формирајте топчиња.
5. Секое топче развлечете го во тенка кора и премачкајте го со путер или маргарин на собна температура. Постапката повторете ја за сите топчиња и корите редете ги една врз друга.
Покријте го купот од кори и оставете да одмори 10-15 минути.
6. За филот, во сад изматете 4 јајца со малку сол. Додадете 300 г ситно сирење и 150 мл млеко. Добро измешајте додека смесата не стане хомогена.
7. Купот од кори нежно притиснете го со раце, а потоа развлечете со оклагија. Средината оставете ја малку подебела, додека краевите истанчете ги.
8. Пренесете ја кората во тркалезна тепсија (со пречник од 30-35 см) така што краевите малку да висат надвор од тепсијата.
9. На дното на кората попрскајте една лажица масло, а потоа рамномерно распоредете ја смесата од сирење, јајца и млеко.
10. Преклопете ги краевите на кората над филот, а на рабовите нанесете малку од смесата за фил. Попрскајте со уште една лажица масло.
11. Печете ја питата во загреана рерна на 220 °C околу 40 минути. По 30 минути намалете ја температурата и покријте ја питата со фолија за да не прегори одозгора.
12. Питата е готова кога средината ќе се надуе, а кората ќе добие златнокафеава боја.
13. Исечете ја на триаголници и послужете ја топла.
Оваа пита „Пропеќ“ е вистинско уживање за сите сетила. Подгответе ја и уживајте во нејзиниот уникатен вкус! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































