Меки се како душа, толку се супер што ќе ви се видат малку!

Потребни состојки:

1 коцка квасец 40 г, 550 г брашно, 250 мл млеко, 5 жолчки, 100 г шеќер, на врв од лажичката сол 1 ванилин шеќер, 100 г путер, 1 лажица рум, рендана кора од цел лимон, 700 мл масло

За наросување: 1 ванилин шеќер и по потреба шеќер во прав

За полнење по желба, приближно 100 г се потребни за филот кој ќе го користите.

Постапка:

1.Од квасецот, половина лажица брашно, 1 лажица шеќер (одвојуваме од оние 100 г) и 150 мл млако млеко (одвоено од оние 250 мл) заматете смеса и оставете на топло да се активира квасецот.

2.Во меѓувреме, во еден сад ставете ги жолчките, малку сол, преостанатото млеко (значи 100 мл), рум, лимонова кора и ванилин шеќер, добро промешајте и ставете на оган колку да се загрее, да биде топло, а не врело.

3.Во брашното додадете го активираниот квасец, загреаната смеса од јајца и растопениот топол путер (никако врел).

4.Матете со миксер за тесто се додека тестото да започне да се одвојува од ѕидовите на садот. Тестото е меко.

5.Развлечете го тестото веднаш (без да го оставите да стасува), во кора со дебелина од 1-1,5 см. Правете облик на крофни со чаша или со модличка за крофни.

6.Крофните редете ги на малку набрашнета работна површина и покријте ги со топла крпа. Оставете ги да стасуваат околу 30-40 минути. Просторијата каде стасуваат крофните треба да биде топла.

7.Загрејте го маслото на најсилно, а потоа намалете на умерена температура. Додека ги пржите крофните внимавајте тие да не се допираат.

8.Пржете ги од двете страни, редете ги во чинија, па во готовите крофни со шприц додадете џем, нутела или ванила крем, по ваш избор. Наросете одозгора со мешавина од шеќер во прав и ванила шеќер.

Напомена: Во оригиналниот рецепт пишува 8 жолчки а јас намалив на 5. Мене ми излегоа 20 крофни, но сè зависи од величината на чашата или модлата. Мојата модла е со широчина од 8 см.