Овој колач е многу вкусен, од оние „лапни-голтни“, а одличен е поради неговата брза и едноставна постапка за приготвување. Рецептот го добив мојата идна свекрва и со право можам да кажам дека е „топ“, вели Мирела. Еве што ви е потребно за рецепт 1, а во продолжение ви нудиме повеќе предлози:




РЕЦЕПТ 1 (на Мирела) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 пакување петит бисквити, 2 кесички пудинг од ванила (80 г), 1 литар млеко, 6-8 лажици шеќер по вкус, 1 кг банани, малку лимон (1/3)

рецепт 1

РЕЦЕПТ 2 (на Сузика) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 кесички пудинг од ванила (160 г), 10 лажици шеќер, 2 кесички ваилин или лимонов шеќер (20 г), 1.5 литар млеко, 320 г маргарин, 100 г шеќер во прав, 500 мл шлаг, 600 г турски кекси или петит (2 пакувања)

рецепт 2

РЕЦЕПТ 3 (на Славка) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г кекси со путер, 3 филџани сварено црно кафе (јако), 500 мл млеко, 4 супени лажици брашно, 2 кесички ванилин шеќер (20 г), 4 жолчки, 250 г шеќер во прав, 250 г путер/маргарин, 100 г чоколадо за готвење

рецепт 3




ПОСТАПКА за рецепт 1: Сварете ги двата пудинзи во 1 литар млеко со 6-8 лажици шеќер според упатството на кесичката. Ако пудингот го сакате погуст тогаш употребете три кесички за еден литар млеко.




Кога ќе се свари пудингот оставете го малку настрана за да се подизлади (да стане млак). Петит кексите натопувајте ги кратко во млеко, па редете ги во тепсија или тацна (калап по ваш избор). Врз првиот ред бисквити нанесете фил од пудинг, израмнете, па врз него повторно наредете бисквити.




Врз вториот ред бисквити наредете банани кои претходно сте ги исечкале на крукчиња и испрскале со малку лимонов сок за да не потемнуваат. Врз бананите прелијте пудинг и израмнете. Врз пудингот повторно наредете бисквити, па банани и пудинг.




Наредете уште еден слој бисквити (4.), преку нив последната четвртина од пудингот, израмнете и на крај нанесете шлаг изматен според упатството на кесичката (или изматете слатка павлака). Декорацијата е по желба. Се послужува добро изладен, колачот треба да отстои неколку часа во фрижидер. Следи постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: Помешајте го прашокот за пудинг со лимон шеќерите и 10 лажици шеќер. Од 1.5 ладно млеко одземете 15 лажици и добро помешајте ги со пудингот и шеќерот, така да добиете хомогена смеса.




Остатокот од млекото сварете го, тргнете го од оган и додајте му го разматениот пудинг, па мешајќи варете го уште 1-2 минути додека да згусне. Оставете да се олади со повремено промешување за да не се создаде коричка.




Маргаринот омекнат на собна температура пенасто изматете го со шеќерот во прав, додајте го во оладениот пудинг. Шлагот изматете го додека да добие цврстина. Во калап со величина 35х25 см наредете еден ред бисквити, па распоредете слој од филот, па еден слој шлаг.

Постапката повторувајте ја 6 пати и завршете со шлаг. Тортата е најдобро да отстои преку цела ноќ во фрижидер за да омекнат бисквитите. Следи постапката за рецепт 3:




ПОСТАПКА за рецепт 3: четири жолчки помешајте ги со две кесички ванилин шеќер и четири лажици брашно со малку ладно млеко одземено од оние 500 мл. Остатокот од млекото ставете го на тивок оган да зоврие, па соединете го со претходната смеса.

Мешајте додека кремот да згусне и на крај додајте го чоколадото искршено на коцки. Кога ќе се растопи и чоколадото, кремот оставете го настрана да се олади. Пенасто изматете го путерот (омекнат на собна температура) заедно со шеќерот во прав.

Па, кога ќе стане кремаст, започнете во него да го додавате оладениот крем, лажица по лажица. Кексите кратко натопувајте ги во ладно кафе и редете ги на тацна, па филувајте ред кекси, ред фил. / Сооlinarika.сom