Фото и рецепт: Ана Пајиќ
Од оваа количина состојки се добива околу 7 литри густ сок. Сокот е многу едноставен за подготовка, бидејќи не мора да стоите покрај шпоретот цело време, само повремено треба да се проверува за да се промеша и да се собере пената. Вкупниот трошок заедно со јаболката е околу 3 евра, така што ова е доста економичен рецепт. Готвениот морков е многу лековит и од него полесно се апсорбира бета каротенот.
Потребни состојки:
2 кг моркови
4 литри вода
2 лимонтуси (или сок од еден лимон)
1 кг шеќер (по желба, може и без, а може и дополнително да се додава мед посебно во чаша)
за подоцна уште 2 литри вода
По желба може да се додадат и јаболка, а и не мора, јас имав 4 јаболка со средна величина. Ако правите во комбинација со јаболка, тогаш на секој килограм јаболка, подоцна се додава половина литар вода, односно после варењето кога сè се пасира.
Освен кога се ставаат повеќе килограми јаболка, водата се става на почеток од варењето, за да може овошјето да се вари вода, зошто 4 литри ќе бидат малку. Јас не додавав вода за нив, затоа што имав околу 400-500 г.
Постапка:
Морковот убаво се мие и се чисти, па се сече на подебели кругови. Се става во подлабоко тенџере и се прелива со 4 литри вода.
Доколку додавате и јаболка, можете веднаш да ги ставите излупени и исечени или кога морковот е до половина зготвен. Јаболката се помеки и побрзо се готват од морковите.
Тенџерето во кое се варат морковите на умерено силен оган, поклопете го, но оставете 1-2 см за да излгува пареата.
Кога морковот е сварен (внимавајте да не се превари), испасирајте го со водата во која се вареше, па вратете го тенџерето на оган.
Додадете ги преостанатите 2 литри вода (а ако сте додале и јаболка, тогаш + половина литар на секој килограм јаболка), а шеќерот и лимонтусот додавајте ги постепено.
Промешајте, вкусете го сокот и на тој начин полесно ќе оцените која количина на шеќер и лимонска киселина ќе ви биде потребна. Јас ставив 1 кг шеќер и две кесички лимонтус (40 г).
Варете уште половина час, собирајте ја пената и после тоа намалете го огнот колку да се одржува температурата додека го складирате сокот.
Во врели стаклени шишиња или тегли собирајте го врелиот сок, прво многу по малку, постепено, за да не испукаат ако одеднаш се наполнат.
Наполнете до 1 см од чепот, добро затворете со метален капак и полека превртете наопаку за да се вакумираат. На овој начин се создава вакуум во шишето, па сокот има подолг рок на траење без да се расипе.
Кога сокот целосно ќе се олади, може да го наредите во оставата заедно со другата зимница. Кога ќе го отворите шишето со сок, мора да се чува во фрижидер и да се протресе пред употреба.
Сокот е многу едноставен за подготовка, бидејќи не мора да стоите покрај шпоретот цело време, само повремено треба да се проверува за да се промеша и да се собере пената. Вкупниот трошок заедно со јаболката е околу 3 евра, така што ова е доста економичен рецепт.
Фото и рецепт: Ана Пајиќ