Што би направиле кога би можеле да го вратите времето? Дали би промениле нешто или воопшто не би промениле ништо? Прашања кои злато вредат, исто како и одговорите. А следува токму таков одговор.
Седумдесет и четиригодишна жена била запрена на улица и ја прашале што би променила ако повторно се роди. Нејзиниот одговор е важен со оглед на тоа што има децениско животно искуство.
Така дојдовме до темата за ретроспектива, која многумина погрешно ја толкуваат, па кога размислуваат за минатото, најмногу се обвинуваат себеси за тоа што можеле да го направат, но не го направиле, можеле да кажат нешто, но сепак премолчеле.
Мислите од овој вид треба да се користат за учење, за подобро согледување на работите и секако, тоа треба да се искористи за следните чекори во животот.
„Никогаш немојте да мислите дека утре ќе биде добро време за да направите нешто. Уживајте во животот секој ден. Затоа што секогаш мислев дека ќе бидам посреќна во иднина, утре. А потоа само работа, работа, работа.
Премногу работа. Ова не е добро. Луѓе, треба да уживате во животот“, рекла оваа жена која учествувала во анкета.
Дали се согласувате со тоа?