Сува или продуктивна, кашлицата е честа појава особено во време на вирози и настинки. За среќа, имаме повеќе рецепти за приготвување на многу ефикасни домашни сирупи кои ја смиpyваат кашлицата, ја разредуваат слузта и помагаат во решавање на проблемот.
РЕЦЕПТ 1: СИРУП СО ЖАЛФИЈА И ЛОВОРОВ ЛИСТ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г шеќер, 200 г вода, една рака жалфија, 5-6 ловорови листови. ПОСТАПКА: На оган ставете да зоврие водата заедно со шеќерот, па во сирупот додајте ја жалфијата и ловоровите листови.
Оставете да зоврие еден „клуч“, потоа процедете и складирајте во стаклена тегличка. Се чува во фрижидер. УПОТРЕБА: Трипати по една супена лажица. Многу е ефикасен овој рецепт и за кратко време помага. Особено се задоволни сите оние кои не го сакаат сирупот од кромид, бидејќи овој многу убаво мириса.
РЕЦЕПТ 2: МЕД И МАСЛИНОВО МАСЛО – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 лажица мед, 1 лажица маслиново масло, 1 лажица лимонов сок. ПОСТАПКА: Измешајте ги сите состојки и земајте по потреба.
Оваа количина е за еден ден, што значи распоредете на трипати по една лажица. Го обложува воспаленото грло, што значи дека не треба да пиете ништо 15-20 минути после него.
РЕЦЕПТ 3 – ТОПОЛ ЧАЈ ОД ЃУМБИР – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Сок од 1 лимон, 250 мл врела вода, 1 супена лажица мед, малку рендан ѓумбир. ПОСТАПКА: Исцедете сок од лимон, додајте мед и рендан ѓумбир (околу 1 лажица), па додајте врела вода, помешајте и веднаш испијте.
Овој чај делува речиси моментно кога станува збор за б олка во грло и надраз-нетост која тера на кашлање. Исто така, најдобро е се приготви и користи кога ќе почувствуваме дека ни студи, при првите знаци на настинка. Многу е важно да се испие брзо, додека е топол, односно веднаш по приготвувањето.
РЕЦЕПТ 4 – СИРУП ЗА СУВА КАШЛИЦА, ЗА ИСКАШЛУВАЊЕ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г шеќер, 300 мл пиво. ПОСТАПКА: Шеќерот ставете го во тенџере и загревајте го на тивок оган додека да се растопи и да се карамелизира.
Внимателно и постепено додавјте го пивото и продолжете да го готвите на тивок оган околу 20-тина минути. Затоа, најдобро е да користите некое подлабоко тенџере, бидејќи кога ќе се залие течноста во врелиот карамел, пивото започнува да пени и да подига.
После 20-тина минути исклучете ја ринглата и оставете го сирупот целосно да се олади. Потоа складирајте го во шише или стаклена тегла и добро затворете го. Се чува во фрижидер. Од оваа количина се добива околу 300 мл сируп. Во текот на ладењето може да додадете и 1-2 тркалца лимон за да се освежи вкусот.
Сирупот процедете го низ цедалка за да се одвои од пената. УПОТРЕБА: Трипати дневно по 2-3 мали лажички. Сирупот колку повеќе го готвите толку повеќе добива на густина. Со готвење од 20 минути се добива потребната густина, па затоа внимавајте на времето.