Потребни состојки:

500 мл млеко

6 големи лажици брашно

6 големи лажици шеќер

4 големи лажици густин

4 големи лажици шеќер во прав

1 ванила шеќер

кора од портокал

кокос за валкање

Постапка:

Измешајте брашно и шеќер во ладно млеко, па ставете на оган да се свари како пудинг, заедно со густинот помешан со шеќер во прав.

Навлажнете филџани со малку вода и полнете ги со смесата додека е топла. Оставете кремот да излади прво на собна температура, а потоа во фрижидер околу половина час.

Полека превртувајте ги султаниите во чинија со кокосово брашно и валкајте ги од сите страни.

Декорирајте по желба.