Рецепт на Мирјана Миличевиќ Савиќ. „Овие крофни традиционално ги правам за дочек на Православна нова година, а во една од нив ставам паричка“. Рецептот е класичен, тестото се замесува со квасец, но има еден тpик со превртувањето на крофните, па поради тоа секогаш ycпеваат. Еве што ви е потребно:

КРОФНИ: Рецепт и фотографија на Мирјана Миличевиќ Савиќ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг брашно, 500 мл млако млеко, 1 коцка свеж квасец (40 г), 2 супени лажици шеќер, 2 јајца на собна температура, 100 мл масло, 1 прстофат сол, масло за пржење (барем 2 см во некое широко тенџере со капак). За полнење: топено чоколадо, крем, џем, нутела или шеќер во прав.

КРОФНИ: Рецепт и фотографија на Мирјана Миличевиќ Савиќ




ПОСТАПКА: Изронете го квасецот, додајте малку млако млеко и растопете го, убаво да се раствори (да стане течен). Во поголем сад ставете го брашното и помешајте го со шеќерот и солта. Направете вдлабнување, па додајте го растворениот квасе, јајцата отстојани на собна температура и маслото.




Потоа со постепено додавање на остатокот од топлото млеко, замесете фино, средно меко тесто кое не се лепи на рака. Формирајте топка и оставете го во некој сад, покриен со стреч-проѕирна фолија и крпа, да стасува на некое топло место. За да биде успешно тестото, сите состојки треба да бидат на собна температура (млекото топло), а по можност и просторијата да биде затоплена и да нема провев.




После приближно еден час колку што е потребно за тестото убаво да го удвои волуменот. Премесете го нежно брз малку набрашнета работна површина, па развлечете го со помош на оклагија. Кората не треба да биде ниту премногу тенка, ниту премногу дебела, отприлика со дебелина на прст.




Потоа вадете кругови со помош на чаша (пред секое сечење за да не се лепи тестото, најдобро е чашата да ја набрашнувате). Остатокот од тестото соберете го повторно во топка, развлечете кора, па повторно вадете кругови и постапката повторувајте ја додека да се потроши целото тесто.




Сечените крофни редете ги на малку набрашнета површина, покријте ги со крпа и оставете ги да одморат 15 минути. После 15 минути превртете ги наопаку, па повторно оставете ги да стасуваат и следните 15 минути, исто така покриени со кроа за да не се сушат.

КРОФНИ: Рецепт и фотографија на Мирјана Миличевиќ Савиќ




Вака стасаните крофни пржете ги во умерено загреано длабоко масло на следниот начин: крофните спуштајте ги во маслото така што горната подуена страна сега да биде свртена надолу, во маслото. Штом се спуштат во маслото, тенџерето веднаш се затвора со капак, а после неколку мигови (навистина многу кратко време), штом долната страна порумени, свртете ги да се испржат и од другата страна.




Овојпат оставете ги да се допржат на отворено, без капак. Ова повторувајте го секоја тура. За да бидат крофните со убава златна боја, внимавајте да не ги препржите или маслото да не ви е премногу врело. По желба, крофните (кога ќе се оладат) полнете ги со крем, нутела или џем, одозгора прелијте ги со топено чоколадо или едноставно наросете ги со шеќер во прав. Додека се топли можете да ги валате во кристал шеќер. Рецепт на Мирјана Миличевиќ Савиќ.




КРОФНИ: Рецепт и фотографија на Мирјана Миличевиќ Савиќ