Едноставни солени мафини…Меки и вкусни, совршени за ужина, појадок или предјадење…

Пробајте ги овие мафини, ќе се уверите во нивниот одличен вкус и едноставноста на подготовката, па често ќе се најдат на вашата маса за појадок или вечера.

Брзо се прават и многу се вкусни, меки, а се добива и голема количина. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за мерење се користи чаша од 250 мл):

3 јајца со средна големина
200 мл јогурт
80 мл масло
1 чаша бело брашно – 160 г
1/3 чаша пченкарно брашно – 50 г
1 прашок за печиво
1 лажичка сол
1 лажичка оригано
1 лажица ситно сирење – 50 г
50 г кашкавал
120 г сувомеснато (шунка, чајна, кулен, печеница)
-сусам за посипување по желба

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад соединете ги јајцата, јогуртот и маслото. Додајте бело и пченкарно брашно, прашок за печиво, сол и оригано. Соединете па додајте ситно сечкана шунка, сирење, рендан кашкавал и промешајте.

Со смесата полнете ги хартиените корпички во калап за мафини. Во секоја ставете по две лажици од смесата и ќе добиете околу 15 мафини.

Одозгора посипете сусам и печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени, 20-25 минути или додека да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.