Ова е салата која сите ја обожаваат. Се приготвува за неверојатно кратко време и превкусна е. Може да се послужи како предјадење во некој декоративен сад, но исто така, може да формираат топки со лажица и да се декорираат со магдонос.

Ако досега не сте ја пробале оваа салата, не го пропуштајте рецептот, запишете си го и кога ќе имате можност направете ја. Потребни ви се само 4 состојки. Ќе бидете воодушевени!

Потребни состојки: 150 г сусам, 200 г кашкавал, 400 г кисела павлака, 300 г шунка

Постапка: колку што можете поситно исечкајте ја шунката. Кашкавалот изрендајте го, или ситно исечкајте го со помош на „сечко“ или рачно. Сусамот кратко пропржете го во сува тава колку да замириса и сосем малку да ја промени бојата. Оставете го да излади.

Во подлабок сад измешајте ги сите состојки: шунката, кашкавалот и изладениот сусам, а на крај додајте ја киселата павлака. Добро измешајте додека сите состојки рамномерно се изедначат. Пред сервирање изладете ја салатата неколку часа во фрижидер.

СУСАМ САЛАТА СПОРЕД ТИНА ИЛИЕВСКА

Одлична за слави, прва се изедува, но може да се послужи и како предјадење како додаток на домашните печива. фотографија на Тина Илиевска. Едноставна, брза и многу вкусна слата од сусам. Уште еден начин да го кон.сумирате ова здраво семе богато со калциум.

Тина Илиевска

Потребни состојки: 100 г сусам, 250 г сечкана/рендана шунка (или по избор), 200 г рендан кашкавал по избор, 1 чаша кисела павлака од 400 г.

Постапка: Сусамот ставете го во сува тава на најсилен оган. Пропржете го со постојано мешање околу 5 минути колку да малку да пожолти и да замириса. Откако ќе излади ставете го во подлабок сад и додајте рендан кашкавал и рендана или ситно сечкана шунка по ваш избор.

Во целата смеса додадете ја киселата павлака и промешајте. Потоа додајте ги и сите останати состојки, убаво промешајте ги додека да добиете изедначена смеса, а сите состојки меѓусебе да се соединат. Пред послужување можете салатата убаво да ја изладите.

Тина Илиевска