Многу едноставна подготовка а таков раскошен резултат. Оваа торта можете да ја подготв увате за родендени и други празнични прославување, но бидејќи е едноствна и не е многу скапа, можете да си ја правите и секоја недела. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап 36х20 см): 2 јајца, 150 г шеќер, 100 мл растително масло, 200 мл млеко, околу 250 г брашно, 60 г какао во прав, 10 г прашок за печиво (1 кесичка), 1 мала лажичка лимонов сок + 1/2 мала лажичка сода бикарбона.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ: 250 г кондензирано млеко (ако не ви се наоѓа при рака, можете брзо да го приготвите според рецептот ОВДЕ) и 170 г несолен путер. ЗА ГЛАЗУРА: 100 г темно чоколадо со лешници + 60 мл топла слатка павлака
ПОСТАПКА: Во подлабок сад за матење скршете две јајца и додајте 150 г шеќер. Состојките добро изматете ги со миксер додека шеќерот да се растопи, а смесата да осветли и да згусне, за што ви се потребни околу 7-10 минути.
Во густо изматените јајца додајте 100 мл масло за готвење и 200 мл млеко, па матете уште неколку минути за да се изедначат состојките. Во посебен сад низ сито просејте го брашното (260 г), какаото во прав (60 г) и една кесичка прашок за печиво (10 г).
Промешајте ги сувите состојки да се изедначат, па додајте ги во течните состојки. Мешајте со жица маталка додека да исчезнат сите грутчиња и да добиете мазна и хомогена смеса. За да биде уште поровко тестото, во него додајте активирана сода бикарбона со малку лимонов сок (половина лажичка сода со една лажичка киселина).
Повторно промешајте и добиената смеса излејте ја во калап со димензии 36х20 см, обложен со хартија за печење на дното и страните, распоредете рамномерно, израмнете и неколкупати протресете го калапот за да излезат евентуалните воздушни меурчиња.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу половина час. Печениот пандишпан е доста мек и нежен. Оставете да се олади, па извадете го од калапот и пресечете го на половина, така да добиете две кори.
Исто така, потсечете ги и крајчињата за да добиете рамни кори. Крајчињата изронете ги во трошки, а подоцна ќе ги искористите за декорација на тортата. Подгответе го филот: Во посебен сад ставете 250 мл кондензирано млеко и 170 г путер омекнат на собна температура.
Пенасто изматете додека да да добиете густ и нежен бел крем. Со овој путер крем премачкајте ја едната кора (оставете малку за страните), па поклопете одозгора со другата кора и премачкјате ја целата торта од сите четири страни. Налепете ги трошките од отсечените ивици на пандишпанот.
Потоа растопете го чоколадото и додајте топла слатка павлака (која не смее да биде зовриена) и промешајте додека да добиете фина глазура. Прелијте ја тортата одозгора и оставете ја во фрижидер на ладење најмалку еден час. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.