ЕДНОСТАВЕН СТАРИНСКИ КОЛАЧ СО 4 ЈАЈЦА…Брз и многу вкусен, за секој ден…

Ова е еден старински колач кој во групата НМД РЕЦЕПТИ ни го презентираше нашата драга членка Велика Вики Мицева. Се приготвува многу брзо, лесно и едноставно, така што секој може да го приготви, дури и почетници.

Старински колач – Рецепт и фотографии на Велика Вики Мицева

Сличен е на колачот „Брзи гонзалес“, но овој не се залива со чоколадна глазура, туку со сок од портокал и се наросува со мелени ореви. Мек е како памук, вкусен и мирисен. Еве што ви е потребно:

Старински колач – Рецепт и фотографии на Велика Вики Мицева

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 јајца,
200 г шеќер,
200 мл млеко,
200 мл масло за готвење,
2 чаши од 200 мл брашно,
1 кесичка прашок за печиво (10 г),
1 кесичка ванилин шеќер (10 г),
рендана кора од 1 портокал или лимон,
сок од еден портокал, 2 лажици какао во прав,
1 рака сечкани ореви и мелени ореви за посипување одозгора.

ПОСТАПКАТА опишана во детали можете да ја прочитате ОВДЕ:

ЕДНОСТАВЕН СТАРИНСКИ КОЛАЧ СО 4 ЈАЈЦА: Брз и многу вкусен, запишете си го овој рецепт