Колачите што ги приготвуваа нашите баби и мајки се едни од најубавите. Се приготвуваат од состојки кои секогаш ги имаме во кујната, па не мора специјално да одите на пазарење. Ова е еден таков, старински колач кој во групата НМД РЕЦЕПТИ ни го презентираше нашата драга членка Велика Вики Мицева.

Старински колач – Рецепт и фотографии на Велика Вики Мицева




Се приготвува многу брзо, лесно и едноставно, така што секој може да го приготви, дури и почетници. Сличен е на колачот „Брзи гонзалес“, но овој не се залива со чоколадна глазура, туку со сок од портокал и се наросува со мелени ореви. Мек е како памук, вкусен и мирисен. Еве што ви е потребно:

Старински колач – Рецепт и фотографии на Велика Вики Мицева




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 200 г шеќер, 200 мл млеко, 200 мл масло за готвење, 2 чаши од 200 мл брашно, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), рендана кора од 1 портокал или лимон, сок од еден портокал, 2 лажици какао во прав, 1 рака сечкани ореви и мелени ореви за наросување одозгора.




ПОСТАПКА: Јајцата пенасто се матат со миксер и постепено им се додава шеќерот. Се матат 8-10 минути додека шеќерот целосно да се растопи, а јајцата да згуснат во светла кремаста смеса. Додека непрекинато се мати со миксерот, постепено се додава маслото во тенок млаз.




Потоа се додава ванилиниот шеќер и млекото, па се мати уште малку додека да се изедначи смесата. Најпосле се додава просеаното брашно помешано со прашокот за печиво, па се мати на најмала брзина додека да се изедначи, или со лажица/шпатула.

Старински колач – Рецепт и фотографии на Велика Вики Мицева




Во тестото додајте и ситно рендана кора од портокал или лимон. Промешајте и од смесата одвојте одокативно мал дел (третина) и во тој дел додајте две лажици какао. промешајте додека да се изедначи и да добиете кафеаво тесто.

Старински колач – Рецепт и фотографии на Велика Вики Мицева




Во остатокот додајте една рака ситно сечкани ореви. Плех бр.30 намастете го, па излејте ја основната смеса, протресете и израмнете. Одозгора излејте ја кафеавата смеса со какао и по желба прошарајте со дрвена чепкалка.

Старински колач – Рецепт и фотографии на Велика Вики Мицева




Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 160 степени околу половина час (проверете со чепкалка, ако излезе сува значи дека колачот е печен). Кога е готов врз колачот рамномерно излејте сок од еден портокал и наросете мелени ореви. Сечете на коцки и послужете. Рецепт и фотографии на Велика Вики Мицева.

Старински колач – Рецепт и фотографии на Велика Вики Мицева