Едноставен систем за наводнување капка по капка – секој може да го направи речиси бесплатно…
Овој систем за наводнување можете да го направите и за вашата градина. Инвестициите се минимални, а нема да вложите и премногу напор.
Кога доаѓа летото, а топлината е висока, на растенијата им треба многу повеќе вода. Системот капка по капка се покажа како идеален метод за наводнување.
Овој систем едноставно заштедува вода, а овој начин на навлажнување на почвата е погоден и за растенијата.
Неопходно е да се постигне изедначено и бавно капнување, бидејќи тогаш водата не се троши, растенијата ја апсорбираат како што треба и тоа ги зголемува приносите.
Потребни ни се пластични шишиња со две различни димензии, за да може едното да се стави во другото.
Го сечеме поголемото шише, па добиваме „када“ за помалото шише. Во шишето се прави мало дупче. Потоа се прави „луле“ од крпа.
Ќе ни треба стара ткаенина и алуминиумска фолија. Ја сечеме крпата на ленти.
Лентите ги завиткуваме во фолија, а еден дел останува надвор.
Убаво затегнете ја фолијата со крпата, бидејќи од тоа зависи колку ќе биде бавен интензитетот на капнувањето. Не треба да се претерува со затегнувањето, но не треба да биде ниту лабаво.
Наполнете го шишето со вода, а делот со крпчето поставете го внатре во кадичката. Малку подотворете го капачето за да се наполни кадичката со вода.
Интересно е што кога ќе го затвориме капачето, водата не истекува. Кога капачето е одвртено, водата почнува да тече. Крпчето ќе се натопи и водата полека ќе навлезе внатре во делот што е покриен со фолија.
Ни требаа 10-15 минути за да почне да капе водата. Интензитетот на капнувањето е побавен, баш како што сакавме. Насочете ја цевката така што ќе капе во коренот на растението.
Водата не се троши толку брзо. Може да потрае цел ден…. Кога шишето е празно, само наполнете го со вода и вратете го во кадата.
Тоа е целата работа. Постапката погледнете ја во видеото ОВДЕ.