Едноставен рецепт со тиквички…често го готвам како прилог или како главно јадење…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 тиквичка, рендана
1 морков, рендан
2 јајца
100 г рендан кашкавал
1/2 китка магдонос, ситно сечкан
1 компир, рендан
1 чешне лук, рендано
сол, црн и црвен пипер, италијански зачин (вегета..)
4 лажици овесни снегулки
2 лажици брашно за валање

ПОСТАПКА:

1.Тиквичките изрендајте ги посолете ги и после 10 минути истискајте ги од вишокот сок. Во подлабок сад додајте ги сите наведени состојки и зачинете со сол, црн и црвен пипер како и сува зеленчукова мешавина.

Смесата оставете ја да отстои 10 минути.

2.Со намастени дланки обликувајте ќофтиња, валајте ги во брашно и пржете ги во умерено загреано масло, по 4 минути од секоја страна. Постапката погледнете ја ОВДЕ.