Home закуска Едноставен рецепт со тиквички…често го готвам како прилог или како главно јадење…

Едноставен рецепт со тиквички…често го готвам како прилог или како главно јадење…

Едноставен рецепт со тиквички…често го готвам како прилог или како главно јадење…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 тиквичка, рендана
1 морков, рендан
2 јајца
100 г рендан кашкавал
1/2 китка магдонос, ситно сечкан
1 компир, рендан
1 чешне лук, рендано
сол, црн и црвен пипер, италијански зачин (вегета..)
4 лажици овесни снегулки
2 лажици брашно за валање

ПОСТАПКА:

1.Тиквичките изрендајте ги посолете ги и после 10 минути истискајте ги од вишокот сок. Во подлабок сад додајте ги сите наведени состојки и зачинете со сол, црн и црвен пипер како и сува зеленчукова мешавина.

Смесата оставете ја да отстои 10 минути.

2.Со намастени дланки обликувајте ќофтиња, валајте ги во брашно и пржете ги во умерено загреано масло, по 4 минути од секоја страна. Постапката погледнете ја ОВДЕ.