Ова е еден од наубавите брзи и лесни колачи кој нема кој не го сака. Тестото е меко како сунѓер, не е суво, а вишните даваат освежителен и неодолив вкус поради кој сигурно ќе посегнете по уште едно, и уште едно парче… Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 јајца, 120 г шеќер, 200 мл течен јогурт (или кефир), 100 мл растително масло, 220 г брашно, 1/2 кесичка прашок за печиво (5 г), 150 г гриз, 500 г исчистени вишни без семки и 1 супена лажица гриз
ПОСТАПКА: Од пет јајца во посебни садови одвојте ги белките од жолчките. Белките пенасто изматете ги со миксер додека да добиете цврст снег. Потоа посебно изматете ги жолчките и започнете постепено да го додавате шеќерот. Матете додека жолчките да побелат и шеќерот да се растопи.
Потоа додајте една чаша течен јогурт, кратко изматете, па додајте го маслото и непрекинато изматете додека смесата да се изедначи. Во течните состојки започнете да ги додавате сувите: брашното и прашокот за печиво.
Малку промешајте, па додајте го гризот. Овојпат матете со жица-маталка додека да се изедначат состојките и да добиете, фина и мазна, компактна смеса без грутчиња. Во тестото додајте го претходно изматениот снег од белки.
Мешајте полека со маталката за да добиете пенлива изедначена смеса. Калап со средна големина намастете го и набрашнете го, а вишокот истресете го. Истресете ја целата смеса во него и рамномерно распоредете ја.
Вишните исчистени и исцедени од сокот што го пуштиле, наросете ги со една супена лажица гриз и промешајте ги. Рамномерно распоредете ги одозгора и ставете да се пече во претходно загреана рерна 180 минути, приближно 35-40 минути. Печениот колач оставете да се олади, па наросете го со шеќер во прав. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.