Home закуска Едноставен летен ручек…Печен зеленчук со нешто што имате во фрижидер…

Едноставен летен ручек…Печен зеленчук со нешто што имате во фрижидер…

Едноставен летен ручек…Печен зеленчук со нешто што имате во фрижидер…Денес јас имав колбаси, а вие моѓете да исечкате парче сувомеснато какво имате. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 грама пиперка
250 грама модар патлиџан
350 грама тиквички
100 грама моркови
4 до 5 чешниња лук
200 грама кромид
1 лута пиперка (халапено)
1 лажичка сол
4 лажици маслиново масло
црн пипер
100 грама пасирани домати (доматно пире)
1 лажичка мајчина душица (може да користите и сува мајчина душица или оригано)
колбаси или сувомеснато по желба

ПОСТАПКА:

1.Сиот зеленчук исечкајте го на коцки и зачинете го. Намастете го огноотпорниот сад 36х24 см и сипете го зеленчукот. Покријте со парче хартија за печење, претходно натопена во вода и изгужвана (за да омекне).

2.Печете 35 минути во загреана рерна на 220 степени. По изминатото време извадете ја хартијата, промеѓајте го зеленчукот и додајте ги сечканите колбаси. Печете уште 15 минути со вентилатор. Постапката погледнете ја ОВДЕ.