Штрудла со крем од ванила, која уште се нарекува и пита со пудинг од ванила и пита со гриз и пудинг, е едноставен колач од готови кори кој по вкус потсетува на кремшнити. Освен ванилин крем, можете да користите и чоколаден или овошен, во зависност од вашиот вкус.
Потребни состојки:
12 готови кори
Фил за премачкување:
3 јајца
3 лажици шеќер
200 мл масло
200 мл јогурт
100 г гриз
1 прашок за печиво
Фил од пудинг:
1 литар млеко
3 пудинг од ванила
9 супени лажици шеќер
За декорација:
Шеќер во прав
Постапка:
Прво сварете го пудингот: од млекото одземете 18 лажици, а остатокот ставете го на оган. Во одземеното млеко промешајте го пудингот и шеќерот, па со постојано мешање додадете го во зовриеното млеко. Варете додека да згусне, па тргнете го на страна, покријте го со проѕирна фолија и оставете да излади.
Во посебен сад одвојте ги белките од жолчките. Во белките додадете шеќер и изматете цврст снег. Потоа постепено додавајте ги жолчките со постојано матење, па додадете го маслото и уште малку измиксајте. Додадете ги гризот и прашокот за печиво, измешајте, па на крај соединете го и јогуртот во хомогена смеса.
Редење: на рамна подлога ставете една кора. Премачкајте ја со 4-5 лажици од смесата со гризот, па покријте со друга кора. И втората кора исто така премачкајте ја со преливот. Ставете ја третата кора. На работ од кората распоредете околу 250 г сварен и изладен пудинг. Свиткајте во ролат и редете во плех обложен со хартија за печење.
Повторете ја постапката и со останатите кори. На крај ќе добиете 4 ролати. Премачкајте ги одозгора со масло, па ставете да се печат околу 20 минути во претходно загреана рерна на 180 степени со вентилатор.
Печените штрудли оставете ги да изладат прво на собна температура, а потоа ставете ги во фрижидер. Потоа исечете ги на парчиња со 2 см дебелина. Одозгора наросете ги со шеќер во прав. Деталите погледнете ги во видеото: