Едноставен, без и лесен Манчмалоу – единствена мана му е тоа што брзо исчезнува! Tајната се крие во белиот крем…
Потребни состојки:
6 жолчки
12 рамни лажици шеќер
200 мл ладно млеко
100 мл масло
6 полни лажици брашно (120 г)
3 лажици какао
½ прашок за печиво
За бел крем:
6 белки
12 лажици шеќер
4 лажици вода
10 лажици шеќер
За чоколадна глазура:
100 г чоколадо за готвење
3 лажици вода
4 лажици масло
Постапка:
Изматете ги жолчките со шеќерот, па додадете млеко, масло и какао, парок за печиво и брашно. Смесата излејте ја по намастен и набрашнет плех, па печете на 200 степени околу 15-20 минути.
Изматете цврст снег од белки и постепено додадете 12 лажици шеќер и матете додека да се растопи шеќерот. Десет лажици полни шеќер ставете на оган со 4 лажици вода да зоврие и да се растопи, па полека додавајте во снегот од белки и матете додека да стане сјајно и да се зголеми волуменот.
Печената кора се вади од рерна и се намалува на 130 степени. Снегот од белки рамномерно се премачкува врз кората и се враќа во рерна уште 10 минути.
Потоа колачот го вадиме од рерна и го преливаме со чоколадна глазура. Веднаш го сечиме на коцки.
Напомена: Бидејќи во снегот од белки оди многу шеќер, јас ја намалив оваа количина. Во оригиналот пишуваше 15 лажици во белките и уште 12 во сирупот. Вие одлучете како сакате. Ако вие уште повеќе го намалите шеќерот, внимавајте до следниот ден да не „падне“ снегот.
Коментар на Лидија Марјановиќ:
”greska…..ne e tajnata vo beliot krem…tuku vo nesto sto e ispusteno …..testoto dodeka e vruko se premackuva so marmalad , najdobro od slivi pa potoa se stava belkata i se potpekuva vo topla relna pa duri posle toa se preliva so cokoladniot preliv”