Пилешкото месо веќе подолго време се смета за едно од најздравите видови месо и претставува одличен извор на животински протеини. Затоа повеќето од нас воопшто и не размислуваме кога одиме во месара, мислејќи дека го правиме вистинскиот избор со купување на бело месо (пилешки гради). Но кога ќе дознаете каков е всушност најновиот тренд за производство на ова месо, можеби и ќе се предомислите.
После ова сознание, тешко дека пилешкото ќе можеме да го сметаме за здрава храна, а доказ за тоа е белата линија која може да се види на прилично големите пилешки гради кои во последно време може да се купат.
Нормално, за ова е виновен современиот начин на одгледување на пилиња, поради што тие се трипати потешки од вообичаено. Од нивно испилување па се до постигнување на посакуваната килажа, тие се чуваат во тесен и темен и простор, честопати без сончева светлина и без основни услови.
Поради брзиот раст и несразмерно големите гради, тие имаат потешкотии со одењето, па затоа имаат пореметувања во мускулното ткиво и трупање на нездрави масти, кои понекогаш се јавуваат во вид на бели линии кои минуваат низ месото.
Но тоа не е само лоша вест за пилињата, туку и за нас како консументи. Болоњскиот универзитет во 2013 година направи едно истражување во кое беа испитани ваквите парчиња месо. Тие откриле дека за разлика од „обичните“ пилиња, овие парчиња месо имаат 224% повеќе масти и истовремено, многу помалку протеини. Дури и со толку висок процент на масти, сепак е помалку од црвеното месо, но што е многу, многу е.
Сликата ги покажува трите степени на „развој“ на ова месо, со тоа што парчето под број А се смета за нормално, а C како екстремно лош примерок на месо.
Во иднина добро внимавајте и отворете четири очи од каде и од кого купувате пилешко месо.