Овој напиток го препишав од една стара книга на мајка ми за лековити билки, сите го правиме – прави чудо за циркулацијата и одличен е за крвните жили. Се пие секој ден по една ракиена чашка. Ние секогаш го имаме во фрижидер…
Потребни состојки:
1 литар домашно црно вино
0,5 кг мед
1 китка магдонос
1 лажица винска киселина
Постапка:
Виното и магдоносот варете ги на тивко околу 15 минути, па тргнете и оставете малку да излади, да смлачи. Температурата мора да биде под 50 степени.
Промешајте мед и на пареа лесно растопете го, внимавајте да не зоврие бидејќи ќе ги „убие“ својствата на медот.
На крај додадете 1 лажица винска киселина, добро изладете и чувајте во фрижидер.