Ако го кopистите во својата исхрана, на својот организам му правите огромна ycлуга. Доколку не го кopистите, време е да почнете. Некои го сврстуваат во мешунки, па дури и во житрарици или зачини, но тоа е помалку важно. Она што навистина е важно кога станува збор за сусамот, е што сè ова семе навистина придонесува за здравјето на човекот.
СУСАМ. Семето е богато со незаситени масти, протеини, витамини и минерали. Може да има различна боја, односно се среќава како бел, црн, златен и кафеав интегрален сусам.
Семето можеби навистина е ситно, но неговата корисност за здравјето на коските е огромна. Еве што сè овозможува ова мало, а лековито семе:
Поради изобилството на калциум што се содржи во него, како и неговата способност да се апcopбира длабоко во ткивата, има исклучителна улога за сочувувањето на здравјето и цврстината на коските.
Особено се препорачува за спречување на остеопороза од која најмногу стра-даат жените, бидејќи со своето дејство успева да го регулира мен-струалниот циклус, ги ублажува б олките и симптомите на пмс.
Меѓу другот, одлично делува и врз здравјето на кожата, врз нејзината еластичност, спречува предвремена појава на брчки и го успорува процесот на ста-реење. Сусамот инаку, претставува одличен антиоксидант.
Поради присуството на корисни масти, сусамот поволно делува и врз кардиоваскуларниот систем, така што го регулира и намалува високиот кр-вен притисок и на тој начин го намалува ризикот од срцеви заболувања.
Сусамот се препорачува и во лекувањето на анемија. Како треба да се конcyмира? Сусамот не се јаде сам како таков, туку треба да се наросува врз храната која ја јадеме. Често се додава врз лебот и разни други печива.
Една од најстарите познати слатки во светот во вид на енер-гетски топчиња се приготвува од мешавина од сусам со мед или сусам со шеќерен сируп. Истите слатки се приготвуваат и денес во вид на сусамови стапчиња, плочки и топчиња.
Меѓутоа, постои и подобар начин како да се искористат сите драгоцени својства на сусамот, така што дома можете сами да си приготвите смеса од сусам и мед, смеса од сусам и маслиново масло или смеса од сусам и јогурт.
Секој ќе си ја пронајде својата омилена комбинација која најмногу му одговара. Не купувајте поголеми количини на сусам, бидејќи лесно оксидира и се расипува. СУСАМ И МЕД е совршена комбинација за здрави и силни коски.
За да ја приготвите оваа смеса потребно е да набавите квалитетен, интегрален сусам и домашен пчелин мед. Сусамот е најдобро претходно малку да се загрее во сува тава, на ниска температура.
Постојано мешајте и не дозволувајте да ви загори. Потребно е само малку да зарумени за да ги ослободи своите масла, а потоа помешајте го со медот, во однос 1:1, на пример, една лажица сусам со една лажица мед. Добро промешајте додека да се изедначи смесата, па земајте по една лажица дневно.