Цвеклото ги содржи речиси сите минерални состојки кои му се потребни на телото: калциум, калиум, натриум, фосфор, магнезиум, железо, флуор, манган, бакар, јод, сулфур, рубидиум, литиум, стронциум, бром итн.

Значајно е присуството на витамините Б1, Б2, Ц и П, како и на витаминот Б12, исклучително редок во прехранбените продукти од растително потекло, а толку важен за здравјето.




Благодарение на присуството на антоцијанот, кој му дава топла црвена боја на сокот на цвеклото, а влијае и врз обновувањето на кр-вта, ова благородно растение дејствува и антикан-церогено.

Мошне се големи здравствените ефекти на цвеклото во случај на деминерализација на коските и забите; присуството на јодот го прави драгоцено во бор-бата против артеросклерозата и забавувањето на процесот на ста-реењето.




Сепак, основата на повеќестраната лековитост на цвеклото ја прават бетанинот и бетаинот, затоа што ја поттикнуваат размената на материите, го регулираат кр-вниот притисок, го намалуваат холестеролот, ги одржуваат кр-вните садови, ја поттикнуваат работата на црниот дроб итн.




Претходните истражувања покажаа дека нитратите во цвеклото значително го намалуваат кр-вниот притисок и со тоа го намалуваат ризикот од развој на срцеви заболувања, срцев у дар и бубрежни заболувања.

Со помош на сок од цвекло, исто така, според некои извори може да се тестира и здравјето. Доволно е да изедете салата од свежо цвекло или да се напиете свежо исцеден сок. После неколку часови ќе забележите промени во вашата урина, па затоа ова е најдобро да се прави навечер.




Сигурно ви е познато дека цвеклото е едно од ретките плодови кои можат да ја обојат урината. Но, доколку забележите дека после конcyмација на цвекло вашата урина значително се менува кон црвена, тоа би можело да биде знак дека вашите црева, црниот дроб и бубрезите не функционираат најдобро.




„На ист начин како што урината може да добие црвенкаста боја, така и ток-сичните материи може да преминат во непреработена состојба низ овие ор-гани, односно да не се исфилтрираат како што е потребно“, објаснува Георгиј Назаров, руски натуролог и автор на многу книги за здрав живот и здрава исхрана.




Карактеристичната црвена боја на цвекло доаѓа од бетацијанинот кој е црвен пигмент. Тоа се всушност силни антиоксиданси, кои влијаат врз превенцијата од разни болести. Бетацијанинот влијае врз обновувањето на кр-вта, додека растението како целина има антикан-цероген ефект.

Доволно е да пиете 250 мл сок од цвекло за да ја подобрите циркулацијата во кр-вните садови на мозокот и да го намалите ризикот од деменција во староста.




Сок од пресно цвекло против најтеш-ки заболувања (ту-мор): Со готвење цвеклото ја губи лековитоста, па најдобро е да се пие сок од свежо цвекло. Од 1 килограм цвекло се добиваат околу 700 грама сок. Цвеклото треба да се излупи тенко, ситно да се изренда, да се прелие со сок од лимон и со мед.




Кога малку ќе отстои, се истиснува сокот преку газа и се пие во голтки преку целиот ден. За подготовка на овој сок може да се користи и соковник. Кај потеш-ките заболувања треба да се пие дневно 500 мл до 1 литар сок. Кога ќе се почувствува подобрување до-зата се намалува на 250 мл.




Чорба од цвекло за јакнење и чистење на кр-вта: Се мијат две китки млади листови од цвекло, се сечкаат ситно и се ставаат да се готват на тивко или на пареа. Додајте и една китка свеж магдонос. Додека се готви лисјето (10-15 минути), ситно се сечкаат млад кромид и лук со перца, се ренда еден корен морков, еден корен магдонос и помал корен од целер.




Се рендаат најситно и 4-5 цвекла, сè се прелева со голема лажица масло и сок од лимон, и се става во водата со лисјето, а потоа веднаш се трга од огнот. На крај се декорира со сечкан лист од магдонос.

Салата од цвекло за јакнење на црниот дроб и желудникот: Крупно се ренда цвеклото и половина помал корен од целер. Се зачинува со малку сол, оцет од јаболко, лажичка маслиново масло и мелен ким. Се меша со кисела павлака и се наросува со лист од магдонос.