Фрлете ги таблетите за спиење и смирување: Една чаша од овој напиток и ќе спиете како бебе!
Доколку не можете да склопите очи и да заспиете, тогаш направете ја мешавината од само неколку состојки и олеснете си себеси.
Имено, овој напиток не остава штетни последици по здравјето како што тоа го прават бројни медикаменти, а во ова ќе се уверите и сами кога ќе прочитате од кои состојки се приготвува.
Потребни состојки:
300 мл вода
1 банана
½ мала лажичка цимет
1 мала лажичка мед
Постапка:
Напитокот се приготвува многу едноставно: Во зовриена вода ставете излупена банана и оставете да се готви на тивко околу 10 минути. Потоа тргнете од оган, малку нека излади па ставете го во блендер и додадете цимет.
Се консумира на следниот начин:
Еден час пред спиење се пие по една шолја од овој напиток. За половина час би требало да ви се приспие, а веќе за еден час ќе бидете во длабок сон.