Фото и рецепт: Светлана Нешковиќ
Потребни состојки:
5 јајца
5 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
150 г мелени ореви
2 лажици брашно
1 прстофат прашок за печиво
кора од лимон
сок од цеден портокал
Ова се состојки за првата кора, а треба да направите две вакви.
Се печат две кори, па се сечат на половина да се добијат 4 кори.
За фил:
300 г путер
200 г шеќер во прав
300 г мелени ореви
50 мл топло млеко
Постапка:
5 јајца пенесто изматете со 5 лажици шеќер, постепено додавајќи лажица по лажица. Останатите состојки полека промешајте ги со лажица и кората печете ја на 190 степени, 15 минути.
Печените кори испрскајте ги со сок од цеден портокал.
За фил: 300 г путер изматете со 200 г шеќер во прав.
300 г ореви се попаруваат со 50 мл врело млеко.
Се мешаат заедно и се филуваат корите. Горната кора се украсува со ореви.
Фото и рецепт: Светлана Нешковиќ