Еден компир и едно јајце…Супер вкусен појадок за 5 минути…Многу вкусни ќофтиња…Еве штом ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
200 г компири, изрендани на ситно ренде
1 јајце
сол и црн пипер по вкус
1 чешне лук, ситно исечкано или изрендано
50 г рендан кашкавал
1 лажица брашно
ПОСТАПКА:
1.Јајцето изматете го со виљушка и зачинете го со сол и црн пипер, па сипете го во садот со рендан компир.
2.Додајте рендан кашкавал, промешајте, а потоа додајте и една лажица брашно. Повторно промешајте додека да се изедначат состојките.
3.Смесата одокативно поделете ја на 4 дела.
4.Во широка тава загрејте малку масло на умерена температура, па со лажица спуштајте од смесата и обликувајте 4 ќофтиња.
Ако имате 3 компири направете ги овие веге-ќофтиња…повкусни се од месо…
Пржете ги по 3 минути од едната и 2 минути од другата страна, под капак. Постапката погледнете ја ОВДЕ.