Home Нутриционизам Две намирници се прогласени за најздрави во 2026 – добиваат зелено светло...

Две намирници се прогласени за најздрави во 2026 – добиваат зелено светло од СЗО

Според најновите насоки за исхрана, Светската здравствена организација (СЗО) во 2026 година става акцент на минимално процесирана, нутритивно богата и традиционална храна, која лесно се вклопува во секојдневната исхрана.

Во тој контекст, зелката и гравот се издвојуваат како намирници што природно ги исполнуваат овие критериуми.

Нутриционистката Бранка Мирковиќ објаснува дека станува збор за поширок нутриционистички пресврт, кој оди во прилог на здравјето, но и на навиките што веќе ги имаме.

Влегуваме во период кога едноставната, домашна и сезонска храна повторно добива приоритет. Зелката и гравот се дел од нашата традиционална исхрана, достапни се, хранливи и лесно се комбинираат во балансирани оброци“, истакнува Мирковиќ.

Зошто зелка?

Зелката е богата со витамин Ц, витамин К, растителни влакна и минерали, а ферментираната (кисела) зелка дополнително придонесува за разновидна и балансирана исхрана.

Во зимскиот период, претставува практичен избор за топли оброци кои заситуваат, без да бидат тешки.

Ако зелката е умерено солена, доволно е добро да се испере во ладна вода. Кај многу солена зелка, краткото провривање во топла вода помага да се намали вишокот сол. За полесна дигестија, добро е да се додадат мелен ким и лист ловор“, советува Мирковиќ.

🍲 РЕЦЕПТ 1: Чорба од кисела зелка со суво месо

Потребни состојки:
• 200 г суво месо
• 500 г кисела зелка, рендана
• 1 помала главица кромид
• 1 чшне лук
• 1 супена лажица масло
• црн пипер, мелена пиперка
• мелeн ким
• 1 лист ловор

Подготовка:

Во тенџере, на умерен оган, додајте масло и ситно исечканиот кромид. Пржете додека да стане стаклест.

Сувото месо исечете го на коцки, додајте го во тенџерето и кратко продинстајте.

Сипете малку мелена пиперка, па сипете топла вода и оставете да врие околу 30 минути.

Зелката исперете ја за да се отстрани вишокот сол, исцедете ја и додајте ја во чорбата заедно со зачините.
Гответе на средна температура уште околу 30 минути.

🌱 Зошто грав?

Гравот е одличен извор на растителни протеини, сложени јаглехидрати и влакна, што го прави погоден за заситни, но нутритивно балансирани оброци. Добро се комбинира со зеленчук и е основа за многу кујни низ светот.

🍅 РЕЦЕПТ 2: Чорба од грав, мешан зеленчук и тестенини (минестроне стил)

Потребни состојки:
• 250 г сварен грав
• 250 г мешан зеленчук (стебло целер, морков, кромид, домат)
• по желба: грашок или карфиол
• 1 супена лажица доматно пире
• 1 чешне лук
• 1 лист ловор
• 50 г тестенини
• 2 супени лажици маслиново масло
• сол, црн пипер, малку мелена пиперка

Подготовка:

Во тенџере додајте маслиново масло, кромид и лук, па кратко продинстајте.

Додајте ситно исечкан целер, морков и останатиот зеленчук.
Сипете малку мелена пиперка и веднаш сипете вода (или течноста во која се варел гравот).

Додајте грав и доматно пире, оставете да проврие, а на крај додајте тестенини.
Гответе кратко – доволно колку да омекнат.

🟦 ЗАКЛУЧОК

Враќањето кон едноставна, минимално обработена храна не е тренд, туку логичен чекор кон поодржлива и избалансирана исхрана.

Зелката и гравот се пример како традиционалните намирници можат да одговорат на современите нутриционистички препораки – без компликации и без екстреми.