Милибродот е еден од традиционалните колачи кои се подготвуваат непосредно пред Велигден. Се замесува тестото кое по печењето, се дели на парчиња од кои излегуваат конци и сите го обожаваат поради тоа. Следниот колач се нарекува „лажен милиброд“ или „друг вид на милиброд“ кој е многу миризлив и сочен, а за вкусот немам зборови.
Доколку немате време да направите вистински милиброд (козињак), направете го овој излеан колач кој е наменет за целото семејство да ужива во непроценливите моменти после велигденскиот ручек. Колачот се состои од неколку евтини состојки кои сите ги имате во домот и се пече во долгнавест калап за леб или специјален калап за колач.

![]()
![]()
![]()
![]()
Мек, сочен и толку многу вкусен, а може да го збогатите со мед, сируп или јатки по ваш избор. Пробајте го рецептот на Магда која за овој колач вели дека се подготвува за 5 минути. Колачот е здрав, најпрво затоа што е домашен и се прави од здрави состојки. Доколку ви се јаде нешто брзо и вкусно, не пропуштајте го овој рецепт. Еве што ви е потребно:

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, прстофат сол, 85 г шеќер или некој друг засладувач (како мед или јаворов сируп), 1 мала лажичка екстракт од ванила или 1 кесичка ванилин шеќер, 210 г цврст јогурт (грчки), 80 г кокосово масло (може и со путер), 200 г брашно од бадем или некое друго лесно брашно, 8 г прашок за печиво, сечкани бадеми за декорирање или некои други јатки.
![]()
![]()
![]()
![]()
За печење се користи долгнавест калап за печење леб или специјален калап за колач со димензии 20х8 см или со слични големини. Колачот може да го направите и во поголем калап, а во тој случај зголемете ги количините на состојките.
ПОСТАПКА: Во еден сад скршете ги трите јајца, кои претходно треба да отстојат на собна температура за да може полесно да се измешаат состојките и смесата да се соедини еднолично. Малку разматете ги јајцата со жица/маталка, па посолете со прстофат сол и додајте го шеќерот.

![]()
![]()
![]()
![]()
Енергично измешајте со маталката додека шеќерот да почне да се растопува во јајцата (доколку јајцата се топли, шеќерот ќе се растопи побрзо). Додајте го екстрактот од ванила и потоа ставете го цврстиот јогурт.





Измешајте се убаво, па додајте го маслото (може да ставите и обично, но кокосовото дава посебна арома и е здраво). Откога ќе соедините сѐ во еднолична и течна смеса, додајте го брашното измешано со прашокот за печиво, на неколку наврати. Мешајте ја смесата неколку минути додека добро да се соедини и да се разбијат сите грутчиња од сувите состојки.

![]()
![]()
![]()
![]()
Смесата треба да добие густа конзистентност, погуста од онаа за палачинки. Вака подготвената смеса оставете ја да отстои 15-тина минути за дополнително да се соединат состојките, а во меѓувреме намастете го калапот во кој ќе го печете колачот.

![]()
![]()
![]()
![]()
Смесата излејте ја во калапот и добро израмнете ја, па малку протресете го калапот од рамна површина за да излезат меурчињата од дното. Одозгора наросете со сечкани бадеми и ставете на печење во загреана рерна на 180 степени. Колачот печете го 40-45 минути, додека да добие златна боја.

По печењето, колачот се остава да се олади, па се сече на тенки или подебели парчиња по желба. Деталите погледнете ги ОВДЕ.































