Не обидувајте се да ги заштитите саканите од сите зла на светот. Само љубете ги, па на тој начин ќе им ја пружите вашата заштита. Кога ќе остарите, сигурно не сакате да се претворите во досадна баба која на сите им оди на неpви? Навреме запамтете ги следните 12 лекции!
НЕ СОЛЕТЕ ПАМЕТ НИКОМУ. Дури и кога сте убедени дека сте во право, или тоа што го знаете 100% ви е потврдено…Само сетете се дека и вие некогаш сте биле млади и истата работа и вас ве неpвиpала. И, дали вие ги слушавте советите?
НЕ ПОМАГАЈТЕ АКО ОД ВАС НЕ ПОБАРАЛЕ ПОМОШ. Не се наметнувајте никому. Не обидувајте се да ги заштитите саканите од сето зло на светот. Само љубете ги. Не можете од сè да ги заштитите. Тие мораат сами да научат некои работи. Некои лекции мора да се научат преку сопствени грешки и искуство…, пишува НМД.мк
НЕ БИДЕТЕ „ЖАЛОПОЈКА“. Не жалете се постојано. Не досадувајте со вашето здравје, не жалете се постојано од вашите соседи, на пензијата, на политиката… Не претворајте се во одбивна старица која постојано е намуртена и нерапосложена која како намќор седи пред влезот на зградата и ја оcyдува околината…
НЕ ОЧЕКУВАЈТЕ БЛАГОДАРНОСТ ОД ДЕЦАТА И НЕ ПРАВЕТЕ СУПТИЛНА МАНИПУЛАЦИЈА. Не постојат неблагодарни деца, туку само родители кои сакаат благодарноста да им се кажува постојано и да им се нацрта. Ако постојано ги потсетувате децата дека вие сте заслужни за она што се денес, дека сте ги носеле 9 месеци во стомакот и слично, само повеќе ги одалечувате од вас…
ЗАБРАНЕТИ ФРАЗИ. „Ти ги дадов моите најубави години“ или „Постара сум затоа сум и помудра“, „Јас знам најдобро, имам поголемо искуство од тебе“… овие и слични реченици, едноставно се неподносливи и мора да ги одбегнувате!
БЕСМИСЛЕНО „ПОДМЛАДУВАЊЕ“. Ако имате внуци, не инсистирајте да ве викаат по име, затоа што „бабо“ за вас е навредливо и прави да се чувствувате постаро. Да се биде баба е една од најубавите женски улоги! Со вашето инсистирање да ве нарекуваат по име, наместо „баба“ излегувате само смешни и губите многу во очите на сите околу вас.
НЕ ТРОШЕТЕ СИ ГИ ПАРИТЕ НА БОТОКСИ И ТРЕТМАНИ ЗА ПОДМЛАДУВАЊЕ. А колку долго си мислите дека треба да изгледате младолико? Колку долго сакате да бидете млада? Вечно? Подобро парите потрошете ги на некоја хумана цел или уплатете си некое забавно патување!
СТАРОСТА НЕ Е ИСТО ШТО И ЗАПУШТЕНОСТА. Нашминкајте се. Бидете колку можете поелегантна. Одржувајте лична хигиена и грижете се за чистотата на домот и неговата уредност. Не чекајте специјални пригоди. Ќе се чувствувате многу подобро!
ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА СВОЈОТ СТАР И ЗБРЧКАН МАЖ. Дури и ако станал беспомошен, заборавен и целиот се збрчкосал. Исто како и вие, и тој некогаш бил млад, силен и весел. И тој се сеќава на вас кога сте биле млади, силни и весели. Токму нему сега сте му најпотребна! Не изневерувајте ги неговите надежи!
НЕ МОРА ПО СЕКОЈА ЦЕНА ДА ОДИТЕ ВО ЧЕКОР СО ВРЕМЕТО. Да ја разбирате новата технологија, да ги слушате сите вести, постојано да учите нешто ново. Опуштете се! Работете нешто што вас ви причинува задоволство и ве прави среќна, а не модерна!
НЕ ОБВИНУВАЈТЕ СЕ. За што било. Каков и да се претворил вашиот живот, каков и да е животот на вашите деца, вие сте дале сè од себе. Не било сè оставено на вас, и не е сè така како што е, поради вас.
ШТО И ДА ВИ СЕ СЛУЧУВА, СОЧУВАЈТЕ ГО ДОСТОИНСТВОТО. До крај и во секоја пригода!