Фото и рецепт: Зорица Наумовска
Потребни состојки:
500 г брашно
1 лажица сол
1 лажиче шеќер
1 сув квасец
Млака вода
Постапка:
Со млака вода се замесува тесто, па се остава на топло место, покриено да кисне.
Потоа од тестото се кинат топчиња колку мало јаболко, се расплескува малку со кружен облик.
Се става ситно здобено сирење, се затвора и се реди во подмачкана тава.
Откако ќе се наредат, повторно со прстите малку се тапкаат и се оставаат така да киснат.
Кога тестото е стасано се прелива со следнава мешавина:
2 јајца
150 мл јогурт
100 мл масло
Смесата се мати, се прелива одозгора, па се пече во рерна, убаво да порумени.