Рецептот и идејата за овие превкусни Драчевски медаљони од стек ги објави нашата драга членка Зорица Наумовска во нашата и ваша група НМД рецепти. / Фотографија и рецепт на Зорица Наумовска
ПотреБни состојки: 1 пилешки стек, 2 јајца, 2 лажици масло, 1 лажица сенф, 3 лажици полни брашно, ½ прашок за печиво, ½ лажичка куркума, сол, црн пипер по вкус
Постапка: стекот се сече ситно на коцки. Во посебен сад се матат јајцата, се додаваат две лажици масло, една лажица сенф и се промешува да се изедначи.
Една по една се додаваат три лажици брашно и половина кесичка прашок за печиво, половина лажичка куркума и црн пипер по вкус, па убаво се меша за да се соединат состојките.
Се додава исечканото месо, се промешува во смесата и се остава да отстои најмалку еден час во фрижидер, а најдобро е да преноќи, па следниот ден са се пржи.
На малку масло се вади со супена лажица од смесата – за еден медаљон, малку се сплескува и се пржи убаво да зарумени од двете страни, на средна температура.
Фотографија и рецепт на Зорица Наумовска