Започнете го секое утро со по една лажица од овој народен лек и ќе бидете здрави цела година.

Во период кога сме на удар на сеонскиот грип и kopoна вирусот во комбинација, најзначајно е да се зајакне имунитетот, бидејќи тој е најважен за одбраната од патогените микроорганизми.

Консумирањето на овој народен напиток ќе му помогне на нашето тело да стане посилно, поздраво и поотпорно на заболувањата и стресот.

Комбинацијата на овие намирници е одлична за лекување на кашлица, температура, вируси, грип и болка во грлото. Потребно е да се консумира по една лажица дневно, а доколку се сомневате дека сте нападнати од некој вирус, тогаш во акутна фаза земајте по две лажици, една наутро и една навечер.

Потребни состојки:

1 лажица куркума во прав
1 лажица рендан ѓумбир
¼ лажичка црн пипер во прав
1 лажичка рендан лук
1 прстофат кајенски црвен лут пипер
½ шолја мед
1 лажица сечкани или мелени ореви

Постапка:

Количините според потребите можете да ги зголемите. Сите суви состојки ставете ги во тегла, промешајте ги, па на крај додадете го медот.

Убаво измешајте за да добиете хомогена смеса, затворете добро да преноќи, па следниот ден можете да започнете со консумација. Смесата чувајте ја во фрижидер.