Ова јадење може да ви послужи како појадок, ручек, вечера или предјадење. На славите прво се изедува и сите се најадуваат од него, другите јадења што се приготвени, се буквално занемарени, покрај овој ролат. Јас понекогаш го подготвувам за ручек и го послужувам со чаша јогурт, подобро е и од пица.
![]()
![]()
![]()
![]()
Вкусен ролат кој исто така е декоративен, па освен како брз и лесен оброк, може да послужи и како убаво предјадење или закуска пред главното јадење. За да се приготви потребни се 8 готови кори за пита и смеса за премачкување на корите. Се филува со основните пица-состојки, кечап, шунка и кашкавал. Еве што уште ви е потребно:

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 150 г кисела павлака, 2, лажици масло, 2 лажици брашно, ½ лажичка прашок за печиво, малку сол, а исто така, ќе ви бидат потребни и 8 листови готови кори. ЗА ФИЛОТ ЌЕ ВИ БИДЕ ПОТРЕБНО: кечап, 150 г шунка исечена на листови, 150 г кашкавал исечен на листови.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Во подлабок сад изматете четири јајца со маталка, па додајте 150 г кисела павлака. Изматете додека да се соединат, па додајте 2 лажици масло, 2 лажици брашно, половина лажичка прашок за печиво и малку сол. Продолжете да матите додека да се изедначат состојките.
![]()
![]()
![]()
![]()
За овој ролат ќе ви бидат потребни 8 листови/готови кори, а за секој лист ќе ви бидат потребни околу 2-3 лажици од смесата за премачкување. Првиот лист преку целата површина премачкајте го со три лажици од приготвената смеса и поклопете го со втор лист. И овој лист исто така премачкјате го, па преклопете го со трет лист.

![]()
![]()
![]()
![]()
Откако ќе го премачкате и третиот лист, одозгора нанесете кечап и убаво со четката премачкајте го преку целата површина. Потоа поклопете го со уште два листа, исто така секој премачкани со смесата.




Врз петиот лист наредете 150 г шунка исечена на тенки листови. Пополнете ја целата површина, а одозгора наредете уште два листови готови кори, секоја премачкана со смесата. Потоа наредете кашкавал исечен на тенки листови (или рендан). Потоа ставете ја осмата, последна кора, па и неа премачкајте ја со смесата.

![]()
![]()
![]()
![]()
Малку подвиткајте ги краевите од потесната страна на правоаголникот, па започнете внимателно да го виткате ролатот од подолгата страна. Ставете го во плех обложен со хартија и одозгора премачкајте го со остатокот од преливот и наросете со сусам или семки по желба. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.

![]()
![]()
![]()
![]()
По печењето, ролатот се остава сосем малку да се олади под памучна крпа, за да не се исушат корите, па потоа се сече на помали ролатчиња. Како и да го јадете, топол или ладен е подеднакво вкусен. Со овој рецепт нема да погрешите. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.































