Потребни состојки:

500 г домашно свежо сирење

100 г домашен кајмак

50 г путер

1 лажичка сода бикарбона, сол

800 мл свежо млеко

Постапка:

Издробете го свежото сирење во шерпа и прелијте го со свежото млеко, варете го на слаб оган се додека сурутката да се одвои од сирењето (млекото ќе поприми жолтеникава боја).

Тргнете од оган и процедете добро, најдобро преку газа. Оставете да се цеди околу два часа.

Растопете го путерот во шерпа и додадете го претходно процеденото сирење. Додека се топи на слаб оган, додадете сол и кајмак. Мешајте постојано!

Кога ќе се стопи речиси целото сирење, додадете сода бикарбона. Без паника, кога ќе започне да се подига само добро мешајте уште некои 5-10 минути.

Внимавајте на јачината, нека биде тоа средна температура. Само внимателно.

Растопеното сирење ставете го во претходно намастен калап по ваша желба.