Нежните овошја како што се јагодите треба да се подготвуваат брзо и вешто. Еве едно едноставно упатство кое ќе ви помогне да го исчистите овошјето лесно и да го одржувате свежо и цврсто додека да дојде времето за готвење. Под овој рецепт има уште еден, поинаква подготвка на слатко од јагоди.

Потребни состојки: 1 кг зрели јагоди, 200 г шеќер, 1 лимонтус

Постапка: jагодите се мијат, се чистат и се натопуваат во вода со растворен лимонтус. Оставете ги така на ладно 5 -10 минути минути. Процедете ги, па редете ги јагодите во широко тенџере – слој овошје, слој шеќер.

Покријте и оставете ги така да отстојат, најдобро преку цела ноќ, на ладно. Потоа ставете ги да се готват на умерена температура. Додека се варат јагодите ќе се формира пена на површината која внимателно треба да ја собирате со лажица и да ја отстранувате.

Кога слаткото е варено за околу половина час, тенџерето покријте го со мокра крпа, натопена со ладна вода. Вака оставете да се лади, а потоа слаткото соберете го во тегли и чувајте го на ладно или во подрум каде има константна температура.

ТЕХНИКА И СОВЕТИ:

Најдобро е овошјето да се подготвува постепено, килограм по килограм. Првиот килограм натопете го накратко во ладна вода, и за тоа време, одберете го следниот килограм – одбирајте само цели, неоштетени јагоди.

Потоа, од првиот килограм измијте ги јагодите под млаг ладна вода – зафаќајте рака по рака и оставете ги кратко во цедалка да се исцедат, а потоа следниот килограм натопете го во чиста, ладна вода. Сега исчистете го првиот килограм од стебленцата и ставете го во водата со лимунтус.

Кога ќе завршите, другата тура оди на миење и цедење. На крај, прво исцедете ја водата со лимонтус и наредете ги јагодите во тенџерето. Повторувајте ја постапката онолку пати колку што имате овошје. На овој начин ќе работите брзо и лесно, а овошјето ќе биде добро измиено, исчистено и подготвено за готвење. / Фото Лилјана Илиева / Сооlinarika.com

Слатко од јагоди за 30 минути, рецепт со точни мерки и детално упатство за почетници, без конзерванси

Погледнете како на најлесен начин можете да направите најубаво слатко од јагоди. Ова слатко навистина е фантастично, сè што ви е потребно се јагоди, шеќер и малку вода, како и половина час од вашето време.

Потребни состојки: 1 кг јагоди, 1 кг шеќер и 400 мл вода

Постапка: слаткото најубаво излегува ако го правите во помала количина. Користете пошироко тенџере за готвење на слаткото. Одберете поситни и поцврсти јагоди. Измијте ги и исчистете ги од петелките.

Во тенџерето ставете еден кг шеќер и прелијте со 400 мл ладна вода. Тенџерето ставете го на оган, а откако ќе зоврие оставете 5 минути да се вари без мешање, туку само со повремено протресување.

Важно е да се напомене, дека ниту на почетокот, ниту понатаму во варењето не треба да се меша. После 5 минути вриење на сирупот, додајте ги јагодите и оставете да се вари околу половина час на умерена температура.

Притиснете малку одозгора со лажицата за секоја јагода да биде потопена во шербетот.
Јагодите полека спуштајте ги за да не ве испрска шербетот и оставете ги да се варат. Притиснете малку одозгора со лажицата за секоја јагода да биде потопена во шербетот.

Доколку се формира пена на површината, собирајте ја со лажица која претходно секогаш ќе ја измиете под млаз ладна вода. Пената се собира на страна врз некоја помала чинија.

Повремено додека слаткото се вари, малку протресете го тенџерето. После половина час слаткото е готово и одозгора покријте го со мокра крпа. Оставете го целосно да излади. Потоа складирајте го во чисти и стерилизирани стаклени тегли. Затворете ги со целофан и капак, па чувајте ги на ладно место. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.