Рецепт и видео презентација на Ханумина кујна – Домашно маскарпоне.

Тоа е кремасто, слатко, богато и претставува најважната состојка во популарниот колач тирамису и многу други колачи. Маскарпонето е еден вид свежо сирење со околу 80% масти.

Се приготвува од слатка павлака со додаток на киселина (лимон или оцет). На германското говорно подрачје може да се купи во речиси сите маркети, но на Балканот и други делови од светот потешко се наоаѓа квалитетно маскарпоне или пак воопшто го нема.

Но тоа сега не е ни важно, бидејќи денес ќе дознаете како сами да си направите на многу едноставен начин и со сотојки кои сигурно веќе ги имате дома. Дадените состојки се за приближно 500 г маскарпоне.

Потребни состојки:

1 литар слатка павлака за шлаг со околу 36% мм и 30 мл лимонов сок (околу 3 лажици)

Уште ќе ви биде потребно:

1 чиста газа/кујнска крпа или друга тенка, памучна ткаенина, 1 цедалка или сито, 1 големо тенџере.

Постапка:

Слатката павлака излејте ја во тенџерето и загрејте ја на оган. Ако имате кујнски термометар, можете да го користите и павлаката да ја загреете на 80-90 степени. Ако немате, важно е да го загревате на умерена температура и да не дозволите да ви зоврие, туку само добро да се загрее. Во зависност од шпоретот тоа трае 5-8 минути.

Пред само зовривање намалете го огнот на 4. или 5. Степен од 9 и тивко варете го околу 10-15 минути со повремено мешање. На тој начин ќе испари доста течност, а со тоа сирењето ќе биде густо и кремасто.

Тргнете го тенџерето од оган и додадете сол од лимон. Покријте го тенџерето со чиста кујнска крпа и оставете го на собна температура целосно да се олади.

Ситото ставете го врз некој сад кој е доволно длабок, за да не го допира дното и да може сурутката да истекува. Влажната газа+грпа ставете ја во ситото, па преку неа процедете ја изладената павлака. Ситото прекријте го со чинија, преклопете го со крпа и оставете го во фрижидер на 10-12 часа (идеално е преку цела ноќ).

После тоа време ќе забележите дека на дното од садот се создала доста сурутка, а во ситото останало густото маскарпоне.

Доколку ги следевте сите чекоти, ова сирење ќе има 100% иста конзистенција како и купечкиот. Ако не го користите веднаш, тогаш најдобро е да го складирате во стаклен сад со добар капак. На овој начин може да го чувате во фрижидер до 7 дена без да се расипе.

Деталите од постапката можете да ги погледнете во видео прилогот: