Фото и рецепт: Вишња Вишња

Потребни состојки:

500 мл вода
100 мл масло
500 г брашно
5 јајца

За шербет:

800 мл вода
800 г шеќер

Постапка:

Шербет: Прво пригответе го шербетот кој треба да биде ладен, а во него да ги спуштате врелите тулумби: Водата со шеќерот варете ги 15-тина минути, а сирупот не смее да биде премногу густ. Оставете го на страна да излади.

Тулумби: Половина литар вода со 100 мл масло ставете на оган. Кога ќе зоврие малку потргнете го садот и додадете половина килограм брашно.

Малку намалете го огнот и постојано мешајте додека брашното да се соедини и почне да се одвојува од ѕидовите на садот.

Тестото оставете го на страна да се олади. Потоа започнете со додавање на јајцата: додавајте ги едно по едно. Окако јајцето ќе се соедини и впие во тестото, додадете го следното јајце.

Добиеното тесто ставете го во вреќа или калап за тулумби. Истискувајте ги тулумбите врз умерено загреано масло и сечете ги величина по ваша желба.

Пржете ги во маслото кое не смее да биде премногу врело. Откако ќе се испржат убаво од сите страни, односно ќе добијат убава златна боја, вадете ги и спуштајте ги во ладниот шербет.

Тулумбите оставете ги убаво да го впијат шербетот и послужете ги.

Фото и рецепт: Вишња Вишња