Измешајте една чаша јогурт со малку рендан кашкавал и многу брзо и лесно ќе добиете домашни погачици кои по вкус и изглед немаат конкуренција.Пожете да ги послужувате со кафе, чај или пак, како вкусно предјадење. Оригинални се со yникатен вкус и изглед. Пробајте ги.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 мл кефир/јогурт, 1/2 мала лажичка сода бикарбона, 1/2 – 1 мала лажичка сол (по вкус), 1 лажичка шеќер, 2 лажици рафинирано сончогледово масло, 120 г рендан кашкавал и околу 250 г брашно.




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад измешајте го кефирот/јогуртот со сода бикарбоната. промешајте и оставете пет минути да се развие реакција која е потребна за овие печива да бидат така меки, ровки и вкусни.




Потоа изрендајте кашкавал, па додајте го во кефирот/јогуртот заедно со маслото, солта и шеќерот. Промешајте добро додека сите состојки да се изедначат, а солта и шеќерот да се растопат.




Потоа започнете постепено да го додавате брашното, најдобро ако е просеано. На почетокот мешајте со лажица додека тоа ја впива течноста и се добие густа структура. Потоа тестото замесете го со рака.




Месете го неколку м инути додека тоа да стане нелепливо и меко на допир. Потоа веднаш поделете го на два еднакви делови. Со помош на рацете заролајте го секое парче додека да добиете долгнавест валјак со приближно еднаква дебелина по целата должина.




Вака формираните валјаци завиткајте ги во проѕирна-стреч фолија или во кеса, па оставете ги во замрзнувач да одморат 20-30 минути. За тоа време тестото убаво ќе се стегне и ќе одмори, само внимавајте да не ги заборавите, бидејќи целосно ќе се смрзнат.




Потоа извадете ги и врз даска исечете ги на плочки со дебелина од 1 цм. Сечените тркалца редете ги врз плех обложен со хартија за печење. Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. Оставете ги малку да изладат па послужете ги.