Фото и рецепт: Beti Josi (Klara boss) – Кубети.
Многу вкусни кубети од кои не можете да се заситите. Иако тестото се приготвува со квасец, не треба многу да чекате да стасува тестото и да месите. Испробајте ги, ќе бидете воодушевени!
Потребни состојки:
1 коцка свеж квасец (40 г)
1 кг брашно
1 лажица сол (може и повеќе)
1 чаша (од јогурт, 180 мл) масло
1 пакување ким
100 г сусам
250 мл ( ¼ ) млако млеко (по потреба)
Постапка:
Во брашното се прави вдлабнатина во која се става издробениот квасец со прстофат шеќер и дел од млакото млекото, па се остава 10-тина минути да се активира и да запени.
Потоа се додаваат и другите состојки, од кои млекото замлачено на крај. Се меси средно тврдо тесто кое го развлекуваме на намастена работна површина во вид на правоаголник или коцка со дебелина од 1 см.
Со нож хоризонтално и вертикално се сече на растојание од исто така 1 см. Одозгора со четкичка ги премачкуваме со масло и ги редиме на намастен плех. Се печат на 165 степени и на секои 5 минути се отвора рерната и се протресуваат. Готови се кога од сите страни малку ќе фатат боја. Пријатно грицкање!
Фото и рецепт: Beti Josi (Klara boss)