Домашна среќна пита, мека и сочна, со сирење и готови кори…Нема потреба од сечење, секој си го крши своето парче…
Оваа пита може да прави и за традиционалните празници како Бадник и Василица…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 пакување кори 400 г
2 јајца
300 г ситно сирење
30-40 мл масло
За прелив:
300 г цврст јогурт или кисела павлака
1 лажиче сода бикарбона
3 јајца
сусам за посипување по желба
Тепсија 30 или 32 см
Се пече на 180 степени во загреана рерна околу 40 минути.
ПОСТАПКА:
1.Изматете ги јајцата со виљушка и соединете ги со маслото. Потоа додајте го иситнетото сирење и филот е готов.
2.Отворете ги корите. Врз горната кора распоредете фил, а потоа со прстите соберете ја како хармоника, а потоа како полжав. Не стискајте, кората нека остане растресита.
3.Постапката повторете ја сите кори, а полжавите-ружички редете ги намастена тепсија.
4.Киселата павлака помешајте ја со сода, а потоа додајте ги јајцата и изматете. Со лажица црпете од смесата и постепено полевајте ги ружичките да што повеќе да впијат.
5.Рерната вклучете да се загрева на 180 степени, а одозгора врз питата посипете сусам по желба. Ставете да се пече на најдолното ниво од рерната, 40-тина минути додека да зарумени.
Печењето прилагодете според вашата рерна. Кога ќе се одвои од ѕидовите на садот, значи дека добро се испекла. Оставете да подизлади, па послужете ја. Постапката погледнете ја ОВДЕ.