ДОМАШНА ПОСНА ПИТА…Оригинален рецепт, за секоја пофалба!

Питата со компир која на Балканот е озната како „компируша“, е често на нашите трпези, особено во посните денови и за неа не треба посебно претставување или пофалби…

За добра „компируша“ ви се потребни само многу црн пипер и секако, добро зарумени при печењето… Останатото е на нашите сетила…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
800 г брашно
10 г сол
450 мл вода +-

За фил:

1 кг ситно сечкан компир
100 г ситно сечкан кромид
по 10 г сол и црн пипер
2 лажици масло

масло за корите

За прелив:

100 мл вода
100 мл масло
100 мл млеко (се изостава ако се пости)
павлака по желба

Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ: