Home пита Домашна пита без класично развлекување на тестото…2 нови трика за сочна и...

Домашна пита без класично развлекување на тестото…2 нови трика за сочна и мека пита

Домашна пита без класично развлекување на тестото…2 нови трика за сочна и мека пита

Оваа пита со месо е совршен рецепт за сите што сакаат вкусно јадење, а не се вешти во развлекувањето на тестото, пишува НМД.

Со два едноставни трика – маринирање на месото во минерална вода за сочност и премачкување на питата со масло за мекост – ќе добиете фантастичен резултат без многу труд.

Овој рецепт е идеален за почетници, а подеднакво ќе ги воодушеви и искусните готвачи. За оние што постат, наместо фил со месо можат да подготват посен фил од печурки, компир или праз…

Подгответе ја за семејна вечера, ручек или викенд уживање – гарантирано ќе стане омилена на вашата трпеза! Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

За тестото:
– 400 мл топла вода
– 5 г сув квасец
– 600 г меко брашно
– 1 лажица сол
– 150-200 мл масло (за валјање на тестото)

За филот:
– 400-500 г мелено месо
– 1 поголема главица кромид
– 1 рамна лажичка сол
– 1/4 лажичка црн пипер
– Малку сечкан лист од магдонос
– 50 мл минерална вода

Постапка:

Во сад, истурете ја топлата вода и додајте го сувиот квасец. Промешајте додека квасецот да се раствори.

Постепено додавајте го мекото брашно и солта, мешајќи со лажица додека смесата да стане густа.

Кога тестото ќе се згусне, тргнете ја лажицата и продолжете да месите со раце, собирајќи го целото брашно од садот.

Префрлете го тестото на работна површина и месете го уште 5-10 минути додека да стане мазно и еластично. Оформете го тестото во валјак и поделете го на 10 еднакви делови.

Секој дел малку развлечете го со раце, преклопете ги краевите кон внатре и притиснете со прстите за да добиете мали валјаци.

Ставете ги валјаците во сад со масло, добро потопете ги, покријте ги со кеса и оставете ги да отстојат.

За филот, измешајте го меленото месо со ситно сечканиот кромид, солта, црниот пипер, сечканиот магдонос и минералната вода.

Добро соединете ја смесата и оставете ја во фрижидер додека го подготвувате тестото.

На работна површина намачкана со масло (од она во кое стоеше тестото), земете едно тесто, притиснете го со рака и развлечете го со дланките – прво лево и десно, па потоа и краевите.

Тестото лесно ќе се растега поради маслото. Врз него можете да поставите намастена кеса, па постапката е уште полесна, а тестото под неа уште полесно лизга.

По должината на развлеченото тесто распоредете дел од филот со месо, преклопете го тестото однадвор кон внатре преку филот и завиткајте го до крај. Потоа, свиткајте ја лентата во спирала и ставете ја во плех.

Повторете го процесот со останатите делови од тестото и филот. Премачкајте ја подготвената пита со преостанатото масло.

Печете во претходно загреана рерна на 220 степени околу 35-40 минути или додека питата не добие убава златна боја.

Кога е готова, премачкајте ја со малку вода, оставете ја да отстои неколку минути, па послужете ја топла.

Уживајте во оваа едноставна, а неверојатно вкусна пита со месо! Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: