Некогаш пченкарните погачи биле толку свечени што се приготвувале наместо торти. Штом мајката ќе го замесела тестото одвечер, децата се радувале зашто знаеле дека следниот ден ќе се јаде вкусната, слатка, пченкарна погача. Овојпат ќе ви претставиме еден брз рецепт.




Пченкарната погача може да се замеси со топла или ладна вода, а во овој рецепт се замесува со млеко. Не се користи квасец, туку прашок за печиво, па затоа нема потреба да отстојува и да се чека ферментацијата. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг пченкарно брашно, 200 г брашно тип 500, 2 супени лажици шеќер (може и помалку по вкус), 1 супена лажица сол, 1 кесичка прашок за печиво (12 г), 100 мл масло за готвење и 900 мл млеко.




ПОСТАПКА: Потребните состојки се за тепсија со пречник од 26 см, но може и малку помала и поголема. На самиот почеток ќе ви биде потребен еден подлабок сад во кој ќе можете слободно да ги измешате пченкарното (1 кг) и белото брашно (200 г).




Штом добро ќе ги помешајте, во мешавината додајте го шеќерот (2 супени лажици), солта (1 супена лажича) и прашокот за печење (1 кесичка од 12 г). Повторно промешајте додека сите состојки да се изедначат.




Во средината направете мало вдлабнување како бунарче, па тука истурете го маслото (половина чаша или 100 мл) и започнете постепено да го додавате млекото (може и директно од тетрапакот, на собна температура). Додека го додавате млекото мешајте со лажица или директно замесете со рака.




Тоа лесно се замесува, а готово е кога ќе стане меко, но комапктно, да се одвојува од ѕидовите на садот каде го замесовте. Оставете го да одмори 10-тина минути, па повторно премесете го. Тестото е густо, а по конзистенција може да ве потсетува на влажен песок кој многу лесно се обликува.




Оставете го по потреба уште 5-10 минути, зашто пченкарното тесто има тенденција да ја впива влагата, па откако малку ќе одмори тоа станува уште покомпактно. Но, ако се брзате, нема потреба од стоење. Само добро измесете го за да се изедначи и можете веднаш да го печење.




Измесеното тесто истресете го во тепсија (26 см) обложена со хартија за печење, малку обликувајте ја со рацете за да се пополнат празнините и да се израмни, па ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 220 степени приближно 50 минути или според вашата рерната.

Пред крај проверете ја бојата, па може да ја намалите температурата и да ставите алуминиумска фолија одозгора ако прерано порумени. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.