Без сомнение бајадерата е една од нашите најпознати слатки кои баш сите ја сакаат. Најпозната е нејзината купечка варијанта, но постои и онаа вистинската, домашна, која според мене е далеку подобра и која со право може да се нарече една од најдобрите ситни колачи кои се погодни за секаква пригода. Во продолжение прочитајте ги најдобрите рецепти:




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 9 лажици вода, 200 г шеќер, 150 г мелени ореви, бадеми или лешници, 250 г мелени бисквити, 170 г путер, 100 г чоколадо за готвење. За глазура: 100 г чоколадо за готвење + 1 супена лажица масло




РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 мл вода или млеко, 250 г маргарин или путер, 200 г шеќер, 1 ванилин шеќер (10 г), 400 г мелени бисквити, 300 г мелени ореви, 100 г чоколадо за готвење. За глазура: 150 г чоколадо за готвење и 6 лажици масло




ПОСТАПКА за рецепт 1: Во еден сад на оган ставете вода и шеќер и мешајте додека да се растопи убаво, па додајте го путерот и повторно мешајте за и тој да се растопи и соедини со сирупот. Потоа додајте ги оревите и бисквитите, па мешајте за да добиете еднолична смеса.




Добиената смеса поделете ја на два еднакви дела. Чоколадото растопете го на пареа и измешајте го првиот дел од смесата. Во калап со средна големина обложен со хартија ставете го првиот дел со чоколадото и убаво израмнете (ако користете тацна, убаво израмнете со нож од страните и обликувајте правоаголник).




Врз него на ист начин нанесете го вториот дел од смесата. Чоколадото стопете го на пареа и додајте малку масло за да се разреди и да добие сјај, па прелијте ја бадерата одозгора и израмнете. Оставете во фрижидер до следниот ден за убаво да се стегне, па потоа сечете на коцки со големина по ваша желба. Следи постапката за вториот рецепт за кој имате и видеопрезентација:




ПОСТАПКА за рецепт 2: Во тенџере на оган ставете ја водата, шеќерот и маргаринот исечен на помали парчиња и ванилин шеќерот. Тенџерето ставете го на умерена темепратура за да се растопат состојките и соединат. Потоа тргнете го настрана.




Во подлабок сад ставете ги мелените бисквити и мелените ореви, па промешајте ги. Во сувите состојки направете мало вдлабнување и во него постепено додајте ја течната мешавина. Мешајте додека да добиете изедначена смеса која потоа треба да ја поделите на два еднакви делови.




Скршете го чоколадото на коцки и на тивок оган растопете го. Потоа додајте го во едниот дел од смесата и промешајте додека да се соедини. Плех со димензии 35х20 см малку намастете го со масло. На дното прво нанесете го темниот чоколаден слој (добро натапкајте го со раце) и израмнете.




Потоа нанесете го светлиот слој, па и тој исто така, рамномерно распоредете го врз црниот, натапкајте го и измазнете го одозгора. За глазура: Искршеното чоколадо ставете го на тивок оган или загрејте го на пареа додека да се растопи заедно со 6 лажици масло.




Глазурата прелејте ја рамномерно врз бајадерата. Оставете ја преку ноќ во фрижидер да се стегне пред сечењето и послужувањето. Се сече на правоаголници 4х2 см или по желба. Деталите погледнете ги ОВДЕ.