Ова вкусно чоколадно волшепство го сакаат сите, но со овој рецепт ќе го засакаат уште повеќе.

Потребни состојки:

9 лажици вода

200 г шеќер

150 г мелени ореви, бадеми или лешници

250 г мелени бисквити

170 г путер

100 г чоколадо за готвење

За глазура:

100 г чоколадо за готвење

Малку масло

Постапка:

Во еден сад на оган ставете вода и шеќер додека да се растопи убаво, па додадете го путерот и мешајте за и тој да се растопи. Потоа додадете ги оревите и бисквитите, па мешајте за да добиете еднолична смеса.

Добиената смеса поделете ја на две дела. Чоколадото растопете го на пареа и измешајте го првиот дел од смесата. Во калап обложен со хартија ставете го првиот дел со чоколадото и убаво израмнете (ако користете тацна, убави израмнете со нож од страните и обликувајте правоаголник).

Врз него на ист начин нанесете го вториот дел од смесата.

Чоколадото стопете го на пареа и додадете малку масло, па прелијте ја бадерата одозгора.

Оставете во фрижидер до следниот ден за убаво да се стегне, па потоа сечете на коцки со величина по желба.