Хлорофилот се смета за вистинско зелено злато и како може да ви помогне да го подобрите вашето здравје. Се прашувате зошто растенијата се зелени? Хлорофилот е одговорен за ова.
Така, хлорофилот игра важна улога во бојата на зелените растенија. Исто така, содржи витамини, антиоксиданти и лековити својства што можат да му користат на вашето тело.
Додатоците на хлорофилот се всушност хлорофилин, кој содржи бакар наместо магнезиум. Хлорофилинот има слични својства на хлорофилот. Хлорофил во исхраната – здравствени придобивки: го стимулира имунолошкиот систем, ги елиминира габите во телото, детоксикација на кр-вта, чистење на дебелото црево, делува против непријатни мириси на телото, дава енергија, спречува рак.
Хлорофил за заздравување на кожата
Докажано е дека хлорофилот во исхраната го намалува воспалението и растот на бактериите на ра-ните на кожата. Хлорофилот исто така може да биде ефикасен за лесни до умерени акни.
Хлорофилот ја подобрува кр-вната слика
Течниот хлорофил може да влијае добро на вашата кр-вна слика, подобрувајќи го квалитетот на црвените кр-вни клетки.
Хлорофил за детоксикација и превенција од рак
Истражувачите го проучувале влијанието на хлорофилот и хлорофилинот врз ра-кот. Едно истражување на животни открило дека хлорофилот ја намалува инциденцата на ту-мори на црниот дроб за 29 до 63% и ту-мори на желудник за 24 до 45%.
Хлорофил за сла-беење
Едно од најпопуларните тврдења поврзани со течен хлорофил е за сла-беење. Покрај тоа, хлорофилот во исхраната го намалува нивото на ште-тен холестерол.
Хлорофилот како природен дезодоранс
Најновите истражувања покажуваат дека хлорофилот во исхраната на луѓето кои често се потат, значително ја намалува количината на потта и нејзиниот мирис. Хлорофилот исто така може да помогне во бор-бата против лошиот здив.
Течниот хлорофил содржи биолошки активна супстанца наречена хлорофилин. Хлорофилинот го спречува непријатниот здив во устата, поволно влијае на празнењето на цревата и помага при гастритис и бактеријата H. Pylori.
Течниот хлорофил пред се е деток-сикатор, кој го подобрува целокупниот организам, го забрзува метаболизмот и работата на сите органи кои учествуваат во процесот на детоксикација.
Хлорофилот е зелен пигмент кој се наоѓа во големи количини во хлоропластите на билните листови. Хлорофилот е многу ефикасна алкализирачка супстанца која ја одржува рамнотежата и балансот во организмот. Тој им ја дава зелената боја на растенијата.
Хлорофилот има благ диуретичен ефект кој е неопходен во третманот на прочистување на организмот. Течниот хлорофил содржи натриум – бакар хлорофилин кој е добиен од луцерка, билна компонента која има ревитализирачко дејство и позитивно влијае на метаболизмот, косата и ноктите.
Хлорофилот помага на оние кои се под постојан ст-рес, психички замор и релаксирање од секојдневните обврски. Луцерката (алфалфа) е една од најпрочуените билки во светот, таа е богат извор на протеини, хлорофил, бета – каротен, витамини А, Д, Б6, К, ензими и влакна кои се потребни на човековото тело, а таа е една од најдобрите извори на хлорофил.
Хлорофилот делува алкализирачки на дигестивниот систем што е од голема важност за оние кои внесуваат голема количина на протеини, слатки, кафе и газирани пијалаци. Хлорофилот се користи со векови наназад за прочистување на организмот.
Хлорофилот отсекогаш се сметал за симбол на животот. Пред човекот да го открие огнот и да почне да ло-ви диви животни, тој јадел зелени билки. Зелените билки содржат хлорофил, супстанца која ја апсорбира сончевата светлина и ја претвора во енергија која се користи за синтеза на протеините, јагленихидрати, аминокиселини..
Течниот хлорофил претставува деток-сикатор кој го прочистува организмот од внатрешните о-тро-ви, при што деток-сикацијата се врши по природен пат преку органите за дишење, гастроинтестиналниот тракт, бубрези, кожа како и циркулацијата на телесни течности.
Течниот хлорофил претставува прва линија во одбрана на ту-морските клетки бидејќи ја поттикнува апсорпцијата на хранливи материи, а ги исфрла ток-сините од организмот.
Доколку пиете течен хлорофил ќе се забрза лекувањето на чирот на желудник и цревата. Се препорачува да го кон-сумираат пациенти со ревматоиден артртитис, проблеми со циркулација, оние кои постојано се чувствуваат уморно.
Хлорофилот е отпорен на бактерии, го забрзува зараснувањето на ра-ните, а посебно помага при проблеми со гастритис и H. Pylori. Денес се користи и за отстранување на непријатните телесни мириси.
Некои истражувања сугерираат дека намирниците богати со хлорофил помагаат во лекување на хемоглобинот како анемија. Хлорофилот помага во обновување на клетките и ткивата, помага при опстипација, деток-сикација, ја подобрува циркулацијата.
Има антиоксидативно дејство, ја подобрува лимфната циркулација, го зајакнува имунолошкиот систем, го елиминира непријатниот здив, помага при анемија, го намалува уморот и клетките на ра-кот, го одржува здравјето на црниот дроб, ги ублажува ефектите на хемо-терапијата, воспалението на грлото, добар регулатор на калциум, а посебно е ефикасен при менопауза кај жените.
Хлорофил во исхраната – можни несакани ефекти
Иако ретки, одредени несакани ефекти може да се појават како резултат на употреба на хлорофил во исхраната (вклучително и употреба на додатоци на хлорофил): дигестивни проблеми, зелена, жолта или црна сто-лица, што може погрешно да се протолкува како кр-вавење во дигестивниот систем, чешање или пец-кање, кога се применува локално.
Истражувачите не ги проучувале ефектите од земање хлорофил кај бремени жени и доилки. Консултирајте се со вашиот лекар пред употреба на додатоци на хлофил. Исто така е можно хлорофилот да има интеракција со лековите што ги земате.
Природен хлорофил во исхраната – рецепт
Можете да направите сопствен додаток на течен хлорофил користејќи јаглика и вода. Растенијата кои се свежи и зелени, во повеќето случаи се добар извор на хлорофил. Ова значи зеленчук и билки како што се: млада пченица (младите ливчиња кога ќе никне пченицата), млада боранија, спанаќ, грашок, праз..
Најдобриот извор на хлорофил доаѓа од зеленчукот и билки кои се зелени. Измијте и исушете 80 г лисја од јаглика. Ставете ги листовите од јаглика и 6 чаши вода во блендер и блендирајте неколку минути, додека да се формира светло зелена течност.
Процедете ја течноста низ цедалка и прелијте ја во тенџере. Постојано мешајте на тивок оган додека да видите како зелените честички (хлорофилот) се издигаат на површината околу 1 минути по зовривањето. Важно е да го правите ова полека.
Прелијте ја добиената течност во сад заедно со грст мраз и ставете ја во фрижидер да се излади. Процедете ја уште еднаш смесата низ газа или крпа без да ја туркате и да го забрзувате процесот на цедење.
Оставете сами смесата да се процеди. Консумирајте ја зелената паста што не се процедила (тоа е хлорофилот) по 2 лажици секојдневно и чувајте ја во херметички затворен сад во фрижидер до 1 недела.
Течниот хлорофил се продава во доброснабдените аптеки и продавници за здрава храна. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска