„Ако сте голем љубител на сладолед како мене, овој рецепт е за вас. Можев непрекинато да јадам, но откога сум на диета, сладоледот стана заборавен за мене. Понекогаш сакав да направам исклучок, но морам да останам истрајна и да почнам да ги одбегнувам рафинираните шеќери заceкогаш.
Потоа случајно пронајдов еден рецепт за домашен сладолед, за кој не очекував дека може да има ист вкус како и купечкиот, а сепак да биде здрав. Пробав од нyжност, па сега ми е омилен и постојано си го правам за мене и дечињата.”

![]()
![]()
![]()
![]()
Во продолжение може да прочитате 2 рецепти, односно се работи за два различни вкусови, па според тоа кој повеќе ви се допаѓа одберете кој ќе го подготвите. Еве што ви е потребно за 2 порции сладолед:
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (прва варијанта): 2 банани, 2 големи лажици какао. ПОСТАПКА: Бананите се вадат од лушпата и внимателно се сечат на тенки кругови кои се редат на 1 чинија. Се оставаат во замрзнувач да отстојат 3 часа.

![]()
![]()
![]()
![]()
По изминатото време, се префрлуваат во блендер и се додаваат 2 големи лажици какао. Се започнува со блендирање додека да се направи ронлива, мокра смеса. Потоа малку се промешува, па се продолжува со блендирање додека да се направи еднолична, полутечна смеса.

![]()
![]()
![]()
![]()
Сладоледот можете веднаш да го сервирате бидејќи е ладен од смрзнатите банани, но ако сте направиле поголема количина може да си ја распоредите во калапчиња кои ќе ги чувате во замрзнувач. Во продолжение прочитајте овошна варијанта:





ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 банана и замрзнато бобесто овошје (јагоди, малини, вишни или комбинација од повеќе)…
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Постапката на подготвување е идентична како и претходно со бананите, а црвеното овошје треба да биде ладно од замрзнувач или свежо во фрижидер. Смесата се блендира и се добива сладолед кој многу освежува.

![]()
![]()
![]()
![]()
За втората варијанта нема конкретна количина на бобестото овошје, додавате одокативно, колку што мислите дека е доволно. По желба во сладоледот може да додавате карамела, мелени ореви, плазма, екстракт од ванила… Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
![]()
![]()
![]()
![]()































