Сирупот се приготвува од потполно зрели бобинки кои се берат во септември и почеток на октомври, во зависност од временските прилики.
Бобинките од црн бозел содржат антиоксиданти, витамини Ц и Е, флавоноиди, терпени и други лековити материи кои делуваат антивирусно, антибактериски и диуретски.
Спзреваат кон крајот на август и септември, а од тие здрави темносини, модри плодови, се приготвува сируп за јакнење на здравјето. Особено е одличен во време на сезонски настинки, грипови и вируси.
Помага при треска и покачена телесна температура, јакнење на имунитетот, лекува анемија, односно го подига нивото на железото во крвта, како и кај општа слабост на организмот, запек и борба со стресот.
Бобинките не смеат да се јадат сирови, бидејќи се токсични, па може да предизвикаат труење. Со термичка обработка токсичноста на бобинките целосно се уништува, а сирупот е целосно сигурен за консумирање. Доколку во рецептот додадете ѓумбир, овој напиток може да го пијат и деца.
Потребни состојки:
1 кг зрели бобинки од црн бозел
1 литар вода
750 г кафеав шеќер
мало парче свеж ѓумбир (2 см)
1 лимон – сок и кора
500 г мед
Постапка:
Бобинките од бозел прелијте ги со вода и ставете ги да се готват околу 15 минути. Тргнете од оган, додадете шеќер, рендан ѓумбир и сок и рендана кора од лимон.
Поклопете и оставете да отстои половина час, па процедете низ сито. Процедениот сок загрејте го вриење и веднаш тргнете го на страна. Додадете го медот додека е топол и промешајте за да се раствори убаво.
Складирајте во стаклени тегли и чувајте на ладно и темно место (може и во фрижидер), а користете го како сируп на разредување, по 2-3 чаши дневно.